Линкови за пристапност

Колкавa e економската штета за Јапонија?


Колкавa e економската штета за Јапонија?
Колкавa e економската штета за Јапонија?

Економската цена на најкатастрофалната природна несреќа во историјата на Јапонија продолжува да расте. Експертите велат дека уништувачката комбинација од земјотрес, цунами и нуклеарна криза, веројатно ќе резултира со повеќе од колку што се очекуваше финансиски загуби во третата најголема економија во светот

Во нуклеарната централа Фукушима, авиони и хеликопери исфрлаат вода од океанот за разладување на презагреаните нуклеарни реактори. Но, научниците велат дека тоа е како да користите воден пиштол во гасење пожар во шума.

Аналитичарот за движењето на пазарот Вил Хеден вели дека неизвесноста за исходот негативно се одразува врз финансиските пазари:

„Ние сме во состојба на паника. Се` уште не гледаме знак за намалување на загриженоста за проблемите во Јапонија“, вели Хеден.

Јапонски официјални лица велат дека штетата најверојатно ќе чини многу повеќе од земјотресот во Кобе во 1995-та што донесе загуба од повеќе од 100 милијарди долари.

Нејтан Лејн е шеф на бирото на Ројтерс во Токио:

„Првичните претпоставки од аналитичарите и економистите велат дека штетата е 180 милијарди долари. Кризата ескалира. Ако ја земете в предвид паниката со радијацијата и туристите кои нема да доаѓаат во Јапонија и севкупниот удар врз туризмот, значително ќе се зголемат загубите кои ќе ги претрпи земјата“, вели Лејн.

Дополнителна загриженост се штетите со снабдувањето со струја. Аналитичарот од автомобилската индустрија Пол Њутон вели дека повремените прекини на струја влијаат врз проиводството во фабриките, особено во производствените погони ширум земјата:

„Компаниите не произведуваат возила поради прекинот на доставата на струја, не поради недостиг на делови или оштетувања на фабриките. Навистина, не може да функционираат без електрична енергија“

Но, некои гледаат светлина на крајот од тунелот.

Николас Шечени е шеф на јапонските студии при Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон:

„Разликата меѓу денешните настани со оние во 1995-та е што северозападниот дел на Јапонија не е производствена област во јапонската економија. Досега има неколку затворени фабрики, претежно во автоиндустријата и прекини на струја за да се заштеди енергија. На кус рок, може да има удар врз извозот, но штом ќе започне реконструкцијата, тоа само ќе ја зајакне економијата.“

Јапонија се очекува да ја финансира реконструкцијата на земјата со продавање на државни обврзници.

Експерите велат дека тоа ќе има импликации на долг рок за иднината на третата по големина економија во светот, со што ќе се зголеми цената на јапонските добра и ќе порасне нејзиниот и онака растечки надворешен долг, кој сега изнесува скоро двојно од бруто-националниот производ.

XS
SM
MD
LG