Линкови за пристапност

Јануш Бугајски: исходот од Лисабон е очекуван


Јануш Бугајски: исходот од Лисабон е очекуван
Јануш Бугајски: исходот од Лисабон е очекуван

Иако минаа двеипол години од самитот во Букурешт, се уште нема решение за името.

На Самитот на НАТО во Лисабон беше потврден ставот од Букурешт дека Македонија ќе стане членка ќе го реши проблемот со името. Јануш Бугајски од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон за ваквиот исход коментира:

„Како и што се` очекуваше. Сите знаеја дека нема да има формална покана за членство на Македонија се` додека не се најде решение за спорот со Грција. Мислам дека ниту една членка на НАТО не сака да интервенира, затоа што тоа е билатерално прашање за изнаоѓање решение. Но доколку САД и која и да е друга членка на НАТО може да дадат помош, сигурен сум дека со задоволство ќе помогнат. Се надевам дека до наредниот самит на НАТО за две години, Скопје официјално ќе добие покана за членство“.

Иако минаа двеипол години од самитот во Букурешт, се уште нема решение за името. Зошто, оттаму, надеж за брза завршница на повеќепоценискиот спор?

„Не би рекол брза, затоа што нема да се реши преку ноќ. Мислам дека Грција има свои внатрешни проблеми со кои се справува, и во рамки на ЕУ. Македонија има различни прашања што самата треба да ги реши. Се` додека биде направен некаков напредок, некаков основен договор што може да се ратификува, тоа би можело да и` помогне на земјата да добие некаков вид на покана за членство“, коментира аналитичарот од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.

НАТО, и како други меѓународни организации, се води од принципот на консензус, што е неопходен и за членство, потсетува аналитичарот Бугајски.

„Владата во Македонија треба да има ум дека не само што треба да има добри односи со Грција, туку и такви во кои ќе има компромис, за да на неа се гледа како на добар партнер во НАТО. Не се работи само за членството, туку земјата треба да егзистира до соседот. Мислам дека е подобро да се почне на здрава нога, кога ќе биде постигнат договор, вели Бугајски“.

XS
SM
MD
LG