Линкови за пристапност

Хјуман рајтс воч: Автократите во светот се соочуваат со растечки отпор


Најновиот извештај покажува промена на трендот

Постои растечки тренд да се конфронтираат тврдокорните автократи, објави Хјуман рајтс воч во денеска објавениот годишен извештај за состојбата во светот. Во рамки на ЕУ, во ОН, и насекаде во светот, коалиции од држави, поддржани од граѓански групи и народни протести изразуваат негодување против анти-десничарски популисти.

На 674 страници, 29-тата едиција на Хјуман рајтс воч за состојбата во повеќе од 100 држави, голема вест е што изминатата година е што нема продолжување на авторитарните трендови, туку и растечко противење на таквите.

Таквиот тренд може да се забележи во неодамнешниот изблик на одбрана на демократијата во Европа, спречувањето на крвопролевањето во Сирија, изведување на одговорните пред суд за етничкото чистење на муслиманското малцинство Рохинга во Мјанмар, одбрана на долгогодишната забрана за хемиско оружје, убедувањето на претседателот на Конго Џозеф Кабила да ги прифати уставните ограничувања за мандат и барањето за целосна истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Од глобалните сили, во уводникот на извештајот за 2019-та, се вели дека германската канцеларка Ангела Меркел и шефот на дипломатијата Хеико Мас јавно ги критикуваа рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Ки Џипинг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за поткопување на човековите права и згаснување на политичката опозиција, замолчување на активистите, новинарите. Во следните две години, Германија ќе биде непостојана членка во Советот за безбедност на ОН и ќе има можности за Берлин да биде пример за промовирање на каузата за заштита на човековите права.

Во делот за САД, се наведува дека претседателот Трамп бара начин да ја мобилизира базата на поддржувачи за да ги портретира барателите на азил од Централна Америка како криза. Опозиционите демократи кои ја презедоа контролата во Претставничкиот дом на САД на делумните избори го отфрлија чувството на ширење страв меѓу нацијата, се наведува во извештајот.

Македонија ја нема во извештајот за состојбата со човековите права во годишниот рапорт на Хјуман рајтс во од 2019-та. Единствено се споменува во сегментот за националната безбедност, при што се потсетува дека САД ги поддржуваат Сириските демократски сили (СДС) и ги обезбедуваат притворните центри во северна Сирија. Едновремено, САД морале да префрлат најмалку седум притвореници во Сирија под обвинение дека се членови или борци на ИСИС во Македонија, се вели во извештајот на Хјуман рајтс воч.

Од соседството, за Србија се вели дека има благо подобрување во заштитата на човековите права во 2018-ма, иако и натаму новинарите се мета на напади, закани и тужени за известување на чувствителни теми. За Грција, Хјуман рајтс воч велат дека иако продолжува да прифаќа голем број баратели на азил, не успеела да ги заштити нивните човекови права. Земјата се критикува дека потфрлила за нехигиенските услови, недоволен број центри за траума, и прифатни кампови со се` поголем број лица од дозволеното.

Во делот за Косово стои дека бавно се одвива процесот на подобрување на човековите права, со оглед дека не стивнуваат тензиите меѓу Србите и косовските Албанци, особено во северниот дел. Се наведува дека Ромите и Ашкалите и натаму се мета на дискриминација на Косово.

За Бугарија, се наведува случајот со силувањето и убиство на бугарската новинарка Викторија Маринов во октомври 2008-ма.

Албанија, како и Македонија, одделно не е спомната, во извештајот за 2019 за состојбата со човековите права во светот од страна на Хјуман рајтс воч.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG