Линкови за пристапност

Хедер Конли: Членството во НАТО не може да биде замена за припадност во европското семејство


Интервју за Гласот на Америка - Хедер Конли за македонската перспектива во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Интервју за Гласот на Америка - Хедер Конли за македонската перспектива во ЕУ

Вишата потпретседателка за Европа, Евроазија и Арктик Хедер Конли од Центарот за стратегиски и меѓународни студии (ЦСМС) во интервју за Гласот на Америка се осврнува на ситуацијата во Македонија, по недобивањето датум за почеток на преговори со ЕУ

Европската комисија има целосна поддршка за процесот на проширување и отворање преговори со Северна Македонија, сублимира вишата потпретседателка за Европа, од Центарот за стратегиски и меѓународни студии Хедер Конли. Признава, несогласувањата на релација Париз – Брисел, се видливи -

„Француската перспектива, е во моментов ЕУ перспектива и има несогласувања меѓу Париз и Брисел околу тоа прашање. Нејасна е политиката на ЕУ, коментира оваа аналитичарка од Вашингтон.

Пораката од ЕУ до другите земјите во Балканот, кои се гледаат себе си во слична позиција како Северна Македонија и Албанија, кои не добија датум за почеток на преговори не е охрабрувачка. За Конли, е разочарувачка –

„Ако решавате тешки предизвици, нема да има награда. Нема да следи охрабрување. Затоа, целиот регион прашува - која е политиката на ЕУ кон него“, смета Конли.

Француската влада никогаш не била фаворит на проширувањето на ЕУ, вели оваа аналитичарка за европски прашања. Според неа, претседателот Макрон од преземањето на функцијата е јасен дека сака реформирање на Унијата, и натаму се големи разликите меѓу Париз и Берлин, или Париз и Брисел од друга страна, за тоа како да се изведат реформите.

„Добра вест за Северна Македонија е што промената на името ги отвори вратите на НАТО. Тоа ќе и ја зголеми безбедноста на земјата, но НАТО не може да биде замена за членство во ЕУ. Се надевам дека ова е пауза, и ЕУ ќе го рестартира процесот на проширување“, истакна директорката за Европа од Центарот за стратегиски и меѓународни студии.

За одржувањето на вонредни парламентарни избори во април, како реакција од недобивањето датум од ЕУ, и политичките калкулации на премиерот Заев, Конли вели:

„Сметам дека чувствува дека сака повторно да побара поддршка од народот по неуспешниот обид за почеток на преговори со ЕУ и да праша - дали ја поддржувате мојата визија за иднината на земјата или сакате друга визија. Ризикува, но сака појаснување, каде да се движи земјата“, смета Конли.

Предизвикот на надворешната политика на САД отсекогаш се потпираше на продолжување на процесот проширувањето на ЕУ, но сега тоа е доведено во прашање.

“Во САД има свесност за поголем фокус и внимание кон регионот“
Конли за Гласот на Америка


„Добра вест е што Западниот Балкан сега е високо на агендата на надворешната политика на САД. Тоа се гледа со креирањето на позицијата специјален претставник за Балканот, Метју Палмер. Администрацијата на Трамп назначи и специјален претседателски пратеник за Србија и Косово, амбасадорот на САД во Германија, Ричард Гренел. Тоа зборува дека има свесност за поголем фокус и внимание кон регионот“, наведуваа оваа добра познавачка на состојбата на Балканот.

Според неа, особено, сега, по одлуката на ЕУ да не одобри датум за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија, САД имаат предизвик за дополнително да го зголемат присуството за да одвратат несакани ретроградни процеси. Во регионот има зголемено не само руско, туку и кинеско и турско влијание, вели Конли и смета дека ако САД и ЕУ не се ангажираат, и го зголемат присуството во регионот, тогаш тој вакуум, ќе го пополнат други, и тие, ќе ја диктираат нивната агенда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG