Линкови за пристапност

Експертите велат дека цените на храната ќе останат високи


Експертите велат дека цените на храната ќе останат високи
Експертите велат дека цените на храната ќе останат високи

Нема знаци дека ситуацијата ќе се подобри, туку напротив

Се работи за ист тренд насекаде во светот. Индексот на ОН за цената на храната започна да се зголемува во јули. Достигна рекордно ниво во јануари и оттогаш не забележа пад.

Шенген Фен раководи со Меѓународниот институт за политика на храна. Тој вели дека еден од најголемите фактори за раст на цената на храната е се` поголемата употреба на житарките за производство на гориво. Само изминативе неколку години, производството на етанол од пченка во САД беше на мошне високо ниво. Во Бразил тоа е шеќерната репка.

Сиве овие елементи се вредна замена за сировата нафта која стана многу поскапа изминативе години. Економистот од Универзитетот Ајова, Дермот Хејс вели дека деновиве, цените на храна и енергија се поврзани на два начина.

„Зголемувањето на цените на храната додека расте цената на суровата нафта – тоа е замена на храна за енергија. А втора причина е зголемување на трошоците за транспорт“, вели тој.

Да се транспортира храната од полето до домовите на луѓето чини повеќе кога цените на нафтата се високи. Исто така, чини повеќе кога за нивно производство се користат трактори и друга машинерија.

Од друга страна побарувачката за храна расте особено во земјите кои стануваат се` побогати како Кина, Индија, Бразил.

Тука е и временскиот фактор. На пример, минатата година времето не соработуваше. Русија и Украина го намалија извозот на пченица заради огромната суша. Сепак, велат експертите, на источна Еворпа годинава и` оди подобро, споредено со средозападниот дел на САД.

Тоа во превод значи дека цените на храната најверојатно ќе одат само на нагорна линија.

XS
SM
MD
LG