Правник по професија, но моделар и уметник во душа. Стружанецот Даме Затуроски, невозможното го прави возможно. Изработува најразлични работи од макети на бродови, цркви, слика ументички дела. Пред еден месец го завршил два метри долгиот брод, кој е идентичен со првиот брод во светот, во сопственост на американската морнарица, а кој бил наречен Устав.
Најголем дел од материјалите со кои го изградил бродот макета биле отпадни, а при составувањето употребил и 220 метри конец.
Вака изгледа најстариот поморски брод во светот, Конститушн или Устав. Направен во 1792 година, во минатото служел за воени цели на америчката морнарица.
Ако оригиналот денес се наоѓа на пристаништето во Бостон, САД, негов примерок, во вид на макета се наоѓа во Струга. Долг е речиси два метри, висок метар и половина, а широк 45 сантиметри. Сопственикот, Даме Затуроски, вели дека на ова автентично дело работел неколу години. Секој детал е направен рачно, според проект на хрватски инжињер.
Се е поминато низ овие две раце. Од најситни до најкрупни работи. Доста работи на бродот се запазени, особено оние главните. 90% бродот мора да го задоволува оригиналот. Вакви бродови во Америка се изградени четири.Затуроски, моделар и сликар
„Се е поминато низ овие две раце. Од најситни до најкрупни работи. Доста работи на бродот се запазени, особено оние главните. 90% бродот мора да го задоволува оригиналот. Вакви бродови во Америка се изградени четири. Од кои едниот е на т.н мртов вез, иако е способен за пловење, а некогаш и плови за некои државни амерички празници. Направен е 1792 година“, вели Даме Затуроски - моделар и сликар
Со осум до десет часа работа дневно, вели бродот може да биде завршен и за неколку месеци. Најголем дел од материјалите со кои го изградил биле отпадни, а при составувањето употребил и 220 метри конец.
Самиот брод покрај 54 топа, од кои поголемиот дел се во потпалубата, а другите 22 се на палубата располага и со 4 чамци кои имале третман на чамци за спасувањеЗатуроски, сликар и моделар
„Ќе речете каде се тие 220 метри конец. Кога ќе погледнете одблизу, колку е тоа китено и везено.Еден конец има кој се протега до најгоре, па се враќа назад. Може само еден конец да е метар и половина до два долг. Секој конец има своја функција. Не е ништо ставено на памет. Самиот брод покрај 54 топа, од кои поголемиот дел се во потпалубата, а другите 22 се на палубата располага и со 4 чамци кои имале третман на чамци за спасување“, оцени Даме Затуроски, моделар и сликар.
А, идејата да изработува вакви бродови, се родила додека служел морнарица во поранешната Југословенска Народна Армија (ЈНА) во Пула.
„Во слободни часови, имавме своја работилница. Наместо да спиеме, ние неколку морнари работевме мали бротчиња. И тој занает прв пат го видов таму. Имаше и скоро готови материјали да се купат за да ги монтирате. И затоа таму го научив занаетот“, вели Даме Затуроски, моделар и сликар.
Даме, кој по професија е правник, освен како моделар, работи и како сликар. Изработува и макети на цркви. Во моментот работи на неколку, Плаошник и Свети Јован Канео. Изработил и примероци на некогашниот охридски чун, со што успеал да го зачува од заборав.
Старите куќи во Струга се граделе претежно од камен. Каменот е носен од Калишта низводно со овие чамци, бидејки немало обиколен пат околу езеро. Имам направено десеттина вакви чунови, и повеќето се продадено во странство.Затуроски, моделар и сликар
„Старите куќи во Струга се граделе претежно од камен. Каменот е носен од Калишта низводно со овие чамци, бидејки немало обиколен пат околу езеро. Имам направено десеттина вакви чунови, и повеќето се продадено во странство. Најдолгиот чун бил околу шест метри и имал третман на поштенски чун и со него се носела пошта од Подградец во Албанија“, вели, Даме Затуроски, моделар и сликар.
И за време на пандемијата, си наоѓал занимација, па изработувал мали бротчиња и едрилици. Домот на Даме наликува на мини изложбен салон, составен од најразлични дела, кои се вистинска уметност. Со сликарство вели дека се занимава откога знае за себе, а со моделарство последните триесет години.
Најголемиот дел од неговите слики, завршуваат на странскиот пазар. Додека сите бродови кои ги направил досега, ги правел лично за себе.
Facebook Forum