Линкови за пристапност

Банките на Европа пред голем тест


Додека Европејците ги повлекуваат заштедите од банките, финансиските институции пред големи искушенија.

Европската централна банка побара од финансиските институции ширум Европа да пружат поддршка на нивните колеги во Грција, Шпанија и други земји зафатени од должничката криза. Банките се стимулирани да им помогнат на своите ривали, но дали тоа ќе значи оти европските штедачи ќе бидат трпеливи и ќе ги чуваат парите онаму каде и првично ги депонирале.

Во Грција, на пример, во моментов стотици хотелски работници во Атина се на штрајк. Тие се лути заради плановите за намалување на нивните примања до 40%.

Кукос Панагијотис, еден од штрајкувачите, вели дека секојдневието во Грција е веќе хаос и дека овие скратувања комплетно ќе го уништат животот на граѓаните. Тој вели треба да се запомни дека 70% од вработените во туризмот работат со полна пареа само пет месеци и со тие средства треба да преживеат цела година.
Доколку Грците на изборите во јуни одлучат дека мерките за штедење не се вредни, земјата можно е да биде приморана да го напушти еврото како валута. Сета заштеда на жителите на оваа земја ќе биде претворена во старата драхма, за која има големи изгледи дека ќе вреди многу помалку.

... секојдневието во Грција е веќе хаос и дека овие скратувања комплетно ќе го уништат животот на граѓаните ...
Кукос Панагијотис, граѓанин

Затоа, некои Грци почнаа да ги повлекуваат парите од банките и да ги депонираат во странство. Само во изминативе две години повлечени се околу една третина од средствата.

И Шпанија не остана имуна на кризата. И во оваа земја имаше бурни протести, но овде повлекувањето на заштедите од банките не е толку изразено. Изминатава година граѓаните повлекле помалку од 5% од парите.
Но доколку темпото продолжи, постојат стравувања од влошување на ситуацијата бидејќи шпанските банки се многу поголеми од грчките. Токму сега, четири години во финанската криза, Шпанија почнува да чувствува слабоста на своите финансиски институции. Пример е банката Банкија, која за да ја одржи ликвидноста минатата недела побара пакет-помош во висина од 23 милијарди долари.

Финанскиот експерт Енрике Кјуемада вели дека во земјата има мала доверба во банкарскиот систем. Според него народот и инвеститорите не веруват оти Шпанија ќе биде способна да ги исполни ветувањата за намалување на буџетскиот дефицит.

Каматните стапки во еврозоната никогаш не биле пониски. Реално е да се очекува дека оние кои се` уште чуваат заштеди во банките да се прашаат – дали вреди? И ќе почнат да ги префрлаат своите пари на друго место.
XS
SM
MD
LG