Дојче Банк се согласи да исплати 150 милиони долари казна за „значителните пропусти“ во деловните врски со обвинетиот сексуален престапник и финансиер Џерфи Епстајн.
Одделот за финансиски услуги на Њујорк објави дека банката внимателно не ги надгледувала трансакциите на Епстајн и покрај проширените јавни информации за неговите сексуални престапи. Понатаму се додава дека од Дојче Банк не ги следеле стотици трансакции од Епстајн, вклучувајќи и отплаќањето на жртвите или адвокатските канцеларии кои го застапувале него или тужителите.
Ова е прва регулаторна казна во САД откако милијардерот изврши самоубиство во август во притвор. Тој беше уапсен за обвинувања со трговија со секс-услуги.
Беше познат по социјализирање со претседателите Трамп и Клинтон, и принцот Ендрју.
Во 2008-ма, отслужи една година затвор во Флорида откако беше прогласен за виновен во 2008-ма за сторено кривично дело, секс со малолетник.
Facebook Forum