Линкови за пристапност

Премиерот Заев не отстапува од попис во 2020-та, ВМРО-ДМПНЕ бара одложување за 2021


Експерти за пописот во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Експерти за пописот во Северна Македонија

Опозициската ВМРО ДПМНЕ, најави дека ќе го бојкотира пописот, ако не бидат консултирани при носењето на законот. За нив е спорно попишувањето на дијаспората на начин на кој тоа е предвидено.

Според експертската јавност одржувањето на квалитетен попис без мешање на политиката е испит за државата за нејзините демократски капацитети.

Од 1 до 21 април наредната година во Северна Македонија треба да се одржи попис на населението и домаќинствата, кој не е одржан цели 17 години.

Политиката и политичките партии да ги тргнат рацете од пописот и да остават ова многу важно техничко прашање за државата да се спроведе без проблем е пораката на правни експерти откако двете најголеми партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не можат да се усогласат околу предлог-законот за попис на населението, кој треба да се одржи наредната година.

Професорката Беса Арифи, вели дека е крајно време да се организира вистински и одговорен процес според сите европски стандарди.

Професорот Борче Давитковски пак дека во спротивно западно-европските фактори ќе дадат сериозни забелешки:

„Се надевам дека државните институции ќе соберат сили и ќе бидат што поподготвени овој процес да го организираат што понезависно и да не го политизираат истиот иако е чувствителен процес. Затоа е многу важно да се определи методологијата според која истиот ќе се одвива и да се прифати истата од сите страни“, коментира универзитетската професорка Беса Арифи.

„Тоа што во Македонија техничките прашања секогаш ги политизираме, тоа е погубно за Македонија. Ова е срамота за техничко прашање, за да попишете луѓе, имот и се друго, каде секоја демократска држава на десет години го прави, ние од тоа да правиме проблем“, смета Борче Давитковски, универзитетски професор.

Во 2002 година беше одржан последниот попис, а оној во 2012 беше прекинат. Но, од тогаш до денес велат нашите соговорници сигурно е дека има драстични промени во демографските процеси во државата.

„Факт е дека повеќе луѓе заминале од државата. Мислам дека тоа треба да се утврди со пописот. Не треба да се плашиме бидејќи реалноста е таа“, Беса Арифи, универзитетски професор.

„На нас ни треба да знаеме колку сме и што сме. Тоа е важно и за економскиот раст и за образованието и за здравство и за целокупниот раст. Мора да се планира. Ние не знаеме што да планираме. Дали сме 2 милиони, дали сме 1 милион, 1 милион и 300.000. Колку се трајно иселени, колку сe привремено иселени“, коментира Давитковски.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ, најави дека ќе го бојкотира пописот, ако не бидат консултирани при носењето на законот.

За нив е спорно попишувањето на дијаспората на начин на кој тоа е предвидено.

Со пописот кој треба да се спроведе од 1 до 21 април 2020 година се предвидува и можност граѓаните кои живеат надвор од земјата да бидат попишани од страна на нивни роднини или пак тоа лично да го направат во електронска форма. Од СДСМ, пак негираат дека ВМРО ДПМНЕ е исклучен од процесот. Инаку, во делови од 13 општини во државата, веќе се одржа пробен попис кој според Заводот за статистика бил успешен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG