Самиот во Женева доаѓа во време на зголемување на непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон. Белата куќа изминатите месеци воведе многу санкции врз Русија поради апсењето и затворањето на рускиот опозиционен активист Алексеј Навални и руското мешање во изборите.
Во декември беше објавено дека е извршен масивен кибернетски напад врз клиенти на американската компанија за електронска безбедност „Солар Виндс“, кој беше окарактеризиран како еден од најголемите кибернетски напади по опсегот и штетата врз тој американски јавен сектор.
Во март, Бајден го нарече Путин, „убиец“, набргу после тоа, рускиот амбасадор беше повлечен од Вашингтон, додека примањето на акредитивните писма од американскиот амбасадор во Москва е одложено на неопределено време.
Самитот на двајцата лидери треба да ги раздвои стратешките приоритети од другите видови на „пожари во односите“ меѓу двете земји.
Договорот за стратешка безбедност подразбира контрола врз нуклеарното вооружување, и кибернетски активности. Претходниот договор за контрола на вооружувањето беше продолжен во февруари, потребен е нов. Доколку може да се договорат за тие две прашања, американските очекувања, би биле исполнетиСтент, аналитичарка
„Договорот за стратешка безбедност подразбира контрола врз нуклеарното вооружување, и кибернетски активности. Претходниот договор за контрола на вооружувањето беше продолжен во февруари, потребен е нов. Доколку може да се договорат за тие две прашања, американските очекувања, би биле исполнети, вели Стент, и додава:
„Интуицијата ми говори дека ќе може да се воспостави поголема предвидливост во односите, што е желба на администрацијата на Бајден“, коментира оваа аналитичарка во интервју за српската редакција на Гласот на Америка.
Од аспект на рускиот претседател Путин, големо постигнување е со претседателот на САД рамноправно да разговара за најитните прашања во билатералните односи, додава експертката Стент.
„Двете светски нуклеарни суперсили коишто би можеле да бидат мошне деструктивни, но и конструктивно да соработуваат не е мала работа. Верувам дека од гледна точна на Путин, одржувањето на овој Самит е битна работа“, вели експертка Универзитет Џорџтаун.
Не е неважно, што на Кинезите им помага фактот дека Русија има и други опции, вели Стент, и додава.
Последен пат во Женева се сретнаа американскиот и рускиот претседател, Реган и Горбачов во 1985-та, при што претходеа повеќемесечни подготовки. Самитот траеше два дена, а исходот го најави почетокот на крајот на Советскиот сојузСтент, аналитичарка
„Последен пат во Женева се сретнаа американскиот и рускиот претседател, Реган и Горбачов во 1985-та, при што претходеа повеќемесечни подготовки. Самитот траеше два дена, а исходот го најави почетокот на крајот на Советскиот сојуз“, коментира Стент.
Подготовките за овој самит се помали, дневниот ред е скратен, и ќе трае еден ден, но импликации се големи.
Иако не е песимистка, Стент не сака да го предвиди исходот од вториот американско-руски Самит во Женева. Верува дека наскоро ќе уследи пост-женевска средба на високо ниво меѓу Москва и Пекинг.
Facebook Forum