Линкови за пристапност

Обама и Путин разговарале по телефон


Од едночасовниот разговор не произлегол заеднички став за решавање на кризата во Украина

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот колега Владимир Путин нашле малку заедничко за време на едночасовниот телефонски разговор за кризата во Украина.

За време на разговорот во четвртокот Белата куќа вели дека претседателот Обама му рекол на претседателот Путин дека присуството на руски сили во Крим е повреда на украинскиот суверенитет.

Соопштение од Кремљ од петокот го цитира Путин како рекол дека новите, поддржани од запад, украински лидери се нелегитимни и диктираат „апсолутно нелегитимни одлуки на источните и југоисточните региони на Украина и на Крим.

Обама ги детализираше акциите преземени од Вашингтон и неговите сојузници како одговор на присуството на руски трупи на Полуостровот Крим.

Како дел од решението, претседателот побара директни разговори меѓу Киев и Москва со медијаторство на меѓународната заедница.

САД велат дека референдумот закажан за 16-ти март од страна на про-руските кримски законодавци за иднината на полуостровот го прекршува меѓународното право и украинскиот устав.

Саманта Пауерс, амбасадорка на САД во ОН кажа дека САД нема да ги признаат резултатите од референдумот и дека секоја дискусија за иднината на Украина мора да ја вклучи легитимната влада на Украина. „Во 2014-та, ние сме далеку од деновите кога границите можат да се прекројуваат над главите на демократските лидери“, рече таа.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери ќе продолжи со дискусиите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со киевската влада и други меѓународни партнери следниве денови, со надеж за решение на кризата.
XS
SM
MD
LG