Линкови за пристапност

Сопственици ги отстапија вилите: Жители на Драч се сместија бесплатно во Охрид


Погодени семејства од земјотресот во Албанија се сместуваат во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Цели семејства со мали деца и постари луѓе се сместени во приватни вили во Охрид, чии сопственици ги отстапија после земјотресот во Драч

Подобро да умрев отколку да го доживeав она што ни се случи, а се случи голема паника. Прво го слушнав вресокот на 4-годишниот внук врз чиј што креветот каде спиеше падна шкафот. Имало и порано змјотреси, но како овој што беше никогаш немало.

Вака 75-годишната Мрига Џока, жителка на Драч, се потсетува на првите моменти од силниот земјотрес што минатата недела ја зафати Албанија. По двата силни потреси раскажува дека морале да се засолнат во автомобилот.


Таа деновиве заедно со своето седумчлено семејство е во Охрид. За Гласот на Америка, вели дека им е страв да се вратат во родниот град, затоа што не се чувствуваат доволно безбедни.

„Немаме верба да се вратиме назад. Поголемиот дел од Драч сега е мртов град. Но, идејата да дојдеме во Охрид ја прифативме веднаш. Слушнавме преку интернет и преку наши пријатели дека има ваква можност“, вели Џока.

Но, други пак велат дека ќе се вратат назад бидејќи нема каде да одат.

„Беше многу страшно. Земјотресот беше многу силен, се тресеше сè. Зградата каде што живееме од долгото тресење буквално беше пред распаѓање. Ќе се вратиме назад, бидејќи немаме каде да одиме иако состојбата е таква каква што е. Кој може да каже кога би имало повторно земјотрес, дали денес или после една година“, ни рече Сотир Трендафили од Драч.

Им обезбедуваме оброци, лекарства и здравствена нега односно посета од лекар. Овде е сè подготвено. Затоплени апартмани и соби и мислам дека се задоволни
Сашо Точков, претседател на Црвениот крст од Охрид


Четириесетина луѓе деновиве се сместени бесплатно во една приватна вила во Охрид, каде граѓани и локални компании со помош на волонтерите на Црвениот крст секојдневно им носат храна и се грижат за нивниот престој. Помеѓу нив има и деца, но и семејства кои останале без своите домови. Тие организирано од граничниот премин се носат во Охрид.

„Им обезбедуваме оброци, лекарства и здравствена нега односно посета од лекар. Овде е сè подготвено. Затоплени апартмани и соби и мислам дека се задоволни“, вели Сашо Точков, претседател на Црвениот крст од Охрид.

И други сопственици на вили и хотели најавија дека се подготвени бесплатно да примаат луѓе од Драч и околината.

Во меѓувреме помош се собира насекаде низ земјава. Граѓаните самоиницијативно се организираат, се поставуваат пунктови, а во многу училишта професори, ученици и нивните родители организираат хуманитарни акции. Потоа помошта самите ја дистрибуираат до крајната дестинација. Таков беше случајот и во основното училиште во струшкото село Лабуништа.

„Нашето училиште реализира една хуманитарна активност. Резултатите се многу добри од оваа иницијатива. Се надевам дека со нашиот потег, барем малку ќе им помогнеме на нашите браќа во Албанија“, рече Валон Мамуди, директор на основното училиште „Мурат Лабуништи“.

Исто така и Црвениот крст на Северна Македонија испрати седум тони помош од прехранбени производи, средства за хигиена, ќебиња, монтажни кревети, вреќи за спиење. Во координација со државните институции беа испратени и медицински тимови и тимови за проценка на штетите, пожарникари и кучиња трагачи.

Во силниот земјотрес од 26 ноември, загинаа педесетина луѓе.

XS
SM
MD
LG