Линкови за пристапност

Косово слави 20 години од интервенцијата на силите на НАТО 


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт се почесни гости на прославата во Приштина

Косово слави 20 години од интервенцијата на НАТО, а со која во јуни 1999 година беше ставен крај на конфликтот со Србија во кој загинаа повеќе од 10.000 лица.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт се почесни гости на прославата во Приштина.

На Клинтон и на Олбрајт вчера им беа доделени и Ордени на слободата, а им ги врачи косовскиот претседател Хашим Тачи.

Војната меѓу Косово и Србија траеше од 1998 до 1999 година. Беше завршена после 78-дневната воена интервенција на НАТО и со влез на силите на Алијансата на Косово.

XS
SM
MD
LG