Линкови за пристапност

Вековната мијачка резбарска школа живее со делата на стружанецот Новица


Струшки резбар ја продолжува вековната мијачка школа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Струшки резбар ја продолжува вековната мијачка школа

Електро-инженерот Новица Столески пред 15 години ја напуштил работата и целосно се посветил на овој исклучиво тежок занает. Денес рачно изработува уметнички дела од дрво кои имаат непроценлива вредност

Со длетото во рака и со многу внимателност, Новица Столески од Струга секојдневно создава уметнички дела од дрво кои имаат непроценлива вредност. За овој електро-инженер по професија, кој денес е единствениот претставник на прочуената и два века стара мијачка резбарска школа ова е секојдневие. Пред да почне да го работи она што сега го прави, му биле потребни неколку години да го проучи мајсторството на мијачките резбари.

„Се јавија некои визии, на каков начин е можно тоа да се направи, бидејќи немаше оставено нешто посебно како е тоа правено, освен да ги гледаме нивните дела оставени во нашите манастири и цркви, вели Новица.


Веќе три години работи на иконостасот за иконата на Свети Јован, кој треба да биде готов пред одбележувањето на 1.000 години од формирањето на манастирот Свети Јован Бигорски во септември оваа година.

Неговата приказна започнува пред 15 години, кога го напушта добро платеното работно место, за да целосно се посвети на овој занает кој го наследил од неговиот татко


„Сме изработиле и неколку други иконостаси во сличен стил, проучувајќи ги овие вредности. И тоа во Скопје, Куманово, додека во Струга работевме за иконата на Свети Ѓорѓи, која е најстарата икона Свети Ѓорѓи на Балканот“, објаснува Новица.

Неговата приказна започнува пред 15 години, кога го напушта добро платеното работно место, за да целосно се посвети на овој занает кој го наследил од неговиот татко. Но, во време на дигитализација, вели дека денес машинската изработка сè повеќе се заменува со тоа што треба да биде направено рачно.


„Денес се мултиплицираат икони на машини и тоа трае неколку минути или неколку часови, а вредноста е многу ниска. И ние со тоа се соочуваме. Реално за една добра икона е потребно околу месец дена. Денес некако се добива впечаток, дека копијата е многу блиска до оригиналот, а се повеќе поради развој на технологијата може да се мултиплицира“.

За резбарството како занает вели дека не е во изумирање, а тајните на изработка на мијачката резба ја пренесува на помладите.

„Имаме и здружение на копаничари на Македонија. Десетици мајстори има кои што работат и иконостаси и икони и други индивидуални резбарски дела за продажба, иако секој занает денес посебно оние кои се од културно наследство знаеме дека се наоѓаат во тешка состојба и проблемот да се преживее од тоа нив сите ги затекнува“, вели Новица.

Дури и алатите со кои работи, а кои се рачно направени ги направил сам во зависност од моменталните потреби.

Неговите дела од иконостаси, икони, целивални и певници, кои се речиси целосно рачно изработени, денес красат многу цркви и манастири низ земјава, но и на Света Гора, Русија, Грција, Србија и во неколку македонски цркви низ Европа.

XS
SM
MD
LG