Линкови за пристапност

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремни избори во март наредната година, СДСМ смета дека октомври е најдобар датум


Дипломатите во Скопје им порачуваат на двете главни партии да престанат со поделбите зарадите иднината на земјата

Се интензивираат повиците на опозицијата за предвремени избори, која тврди дека тоа е единствениот пат за излез, од како што го нарекува, катастрофалното владеење на социјалдемократите.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за тајминг за изборно соочување е март догодина.

Христијан Мицкоски сака да ја сочека одлуката на ЕУ за датумот за преговори и веднаш потоа да се формира техничка влада.

„Би било мудро од негова страна и добро за иднината на државата да го прифати барањето за одржување на предвремени парламентарни избори, а еве јас го понудив како термин месецот март следната година, веднаш по средината на октомври, кога очекуваме Европскиот совет да се произнесе дали Македонија ќе добие датум да отпочнување на преговори, дали нема да добие, дали тоа ќе биде некое условено решение во целата оваа ситуација. Веднаш потоа да формираме техничка влада, да ги подготвиме институциите за одржување предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.

Власта, уверува дека е подготвена за избори кога било, иако терминот што премиерот го споменуваше беше октомври, што е безмалку редовниот термин.

„СДСМ е подготвена во секое време за избори, ова е работно темпо на партијата. Затоа сметаме дека најдобриот тајминг е октомври 2020 година, бидејќи го имаме Законот за попис, којшто има свој останати импликации во овој дел за 2020 година. Отворено е прашањето за изборниот модел“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Дипломатите во Скопје им порачуваат на двете главни партии да престанат со поделбите зарадите иднината на земјата.

„Задача на власта и опозицијата е заедно да ја искористат европската шанса и да ја исполнат својата политичка одговорност“, изјави германскиот амбасадор Герберих во пресрет на министерскиот состанок на Унијата од кој се очекува датум за старт на преговори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG