Линкови за пристапност

Една од седум жени во Северна Македонија е жртва на физичко или сексуално насилство, покажа извештај на ОБСЕ


ОБСЕ: Секоја втора жена во Северна Македонија е жртва на психолошко насилство
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Од 2017 до 2020 година убиени биле 26 жени во Северна Македонија. Од нив 22 биле убиени од интимен партнер, сегашен или поранешен. Една на секои седум жени е жртва на физичко или сексуално насилство.

„Сместувањето тука за нас значеше безбедност. Стравот во кој живеевме со децата веќе е зад нас. Многу често бевме и гладни. Одев на работа, а пари пак немав. Целата плата му ја давав. Ми оставаше само за леб, а по некогаш ни толку, и ако нешто му прозборев ќе ме претепаше пред децата“, вели жртва на семејно насилство.

Тринаесет години низ голгота, оваа жена сега е сместена во шелтер центарот во Струмица. И покрај се` таа повторно има надеж за подобар живот.

„Тука сме еден месец и децата пак почнаа да се смеат. Ми дадоа надеж дека ќе ме заштитат“, вели таа.

Една неодамнешна студија на ОБСЕ покажува дека половина од жените во Северна Македонија биле жртви на интимно-партнерско насилство, а секоја втора жена жртва на психолошко насилство. Една од седум жени е жртва на физичко или сексуално насилство. 60.000 жени пак биле деманти. Само два процента од жените кои биле жртви не го пријавиле инцидентот во полиција, кој го сметале за најсериозен

Во овој центар за само две години откако работи, биле згрижени 36 жртви на семејно насилство, заедно со нивните деца. Функционира под капа на здружението „Скај плус“.

„Стручниот тим кој работи постојано со нив се труди пред се` да им ја врати самодовербата, која што е изгубена со текот на годините додека живееле со насилникот, економски да ја зајакнеме и да ја вратиме повторно во еден тек на животот, каде ќе може самостојно да живее со нејзините деца“, вели Стојне Митева, психолог, гешталд терапевт во шелтер центар во Струмицa.

Во рамките на кампањата 16 дена активизам ,,Сами сме силни, заедно сме посилни, од Нациoналната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство алармираат дека од 2017 до 2020 година биле убиени 26 жени. Од нив 22 се фемициди, односно убиството било извршено од интимен партнер, сегашен или поранешен.

„Убиството на жени посебно од интимниот партнер, треба да биде класифицирано како потешко кривично дело или да биде одвоено како посебно кривично дело со сите можни околности кои ние сакаме да бидат предвидени, за да се класифицира едно убиство за жена дека е фемицид. Она што ние се залагаме со нашата кампања и цела година што треба да се зборува е да се извадат оние сиви бројки на жртви на семејни насилство“, вели Ана Аврамоска Нушкова од Национална мрежа против насилство врз жените.

Секоја година 1.500 Македонки се нови евидентирани жртви на семејно насилство. Од 2017 година, функционира и женски интервентен фонд, преку кој досега им е помогнато на 87 жени. Собраните средства се наменети за потребите на жртви на семејно насилство.

„Покриваме закупнина доколку им треба, сметки за струја, кои знаат да бидат и повисоки. Плаќаме адвокат доколку треба да се процесира предметот и да се оди на судско застапување. Им помагаме со хуманитарни пакети со храна и хигиена“. Аврамоска Нушкова.

Во извештајот на Европската комисија од 19. октомври 2021 година, се забележува за текот и состојбата на имплементацијата на Истанбулската конвенција, детектирани се слабостите и недостатоците на правните регулативи во однос на спречувањето и заштитата на жените жртви на насилство. Кампањата трае до 10 декември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG