СКОПЈЕ- Граѓаните справувајќи се со екномската криза, инфлацијата и зголемените цени најмногу штеделе намалувајќи ја потрошувачката на струја а на второ место е штедењето при набавката на прехранбени продукти, покажуваат резултатите од анкетата „Перцепции и ставови на граѓаните и домаќинствата за инфлацијата во Северна Македонија“која ја спроведоа Асоцијацијата за демократска иницијатива и Пулсот на демократијата.
Вината за растот на инфлацијата граѓаните ја лоцираат првенствено кај Владата а потоа се глoбалните предизвици и прватниот сектор односно производителите и маркетите. Најголем удар на семејниот буџет биле поскапувањата на прехранбените производи.
„Основната стратегија при справувањето со последиците од инфлацијата е штедењето. Над половина од домаќинствата одговорија дека најмногу се обидуваат да штедат на струјата. На второ место е храната со околу 13 отсто од испитаниците“, објасни Ристо Карајков, универзитетски професор.
Дури 80 отсто од испитаниците сметаат дека замрзнувањето на цените и маржите не била доволна мерка за да се подобри нивната економска состојба и положба.
„Тука мора да нагласам дека кај 20 отсто од испитаниците кои дадоа негативен одговор, всушност одговорот е дека цените требало да се вратат на рангот пред инфлацијата и да се замрзнат а не да се замрзнат по одредена дата која ја избра Владата“, изјави Ристо Карајков, универзитетски професор.
И покрај инфлацијата граѓаните во своите одговори се децидни дека не може да заштедат преку храната а кога станува збор за предвидувањата, сметаат дека наредната 2024 година ќе биде уште потешка.
За експерите пак, замрзнувањето на цените и маржите е добро решение за борба против инфлацијата но само на краток рок. Според професорот узунов, резултатите од анкетат се перцепција на граѓаните и очекувано е Владата да биде виновник за високата инфлација и последиците. Тој е дециден дека има повеќе фактори внатрешни
„Економски првично инфлацијата беше увезена, од надворешни фактори и никој не можеше да влијае. Ковид кризата па војната во Украина а сега има и трето жариште. Замрзнувањето на цените е најпогрешната политика што може да ја направи Владата. На краток рок можеби за да спречи инфлацијата да се вгради во очекувањата. Само се одложува додека не ги одмрзнете цените. Во меѓувреме, не само што ќе паднат профитите на приватниот сектор е најмал проблем, тие се снаодливи. Ќе се зајакне сивата економија и повторно страдаат најсиромашните. Антиинфлаторната политика мора да се гледа во паралела со заштита на животнито стандард на најсиромашното население. Мерките кои ги предвиде Владата не се толку грешка колку што се невешто спроведени“, изајви Ванчо Узунов, универзитетски професор.
Покачувањето на ДДВ-то ќе влијае на цените и наместо тоа потребно е Владата да почне да штеди и сериозно да се нафати во борба против сивата економија. Влијание ќе имаат и изборите наредната година.
„ Се зголеми ДДВ-то на струја. Дали беше моментот и дали требаше да се донесе друга мерка тоа е друго прашање. Зголемување на даноците наспроти замрзнување на цените имаат спротвини ефекти на инфлацијата.Кога се носи мерка мора јасно да се знае кој е трошокот и ефектот. Имавме мерки кои месечно не чинеа по десетици милиони евра. Владата може да почне директно и јасно да штеди. Се донесе план за штедење но мора да се види некоја операционализација. Заштита на ранливите категории на граѓаните мора да оди паралелено со структурните реформи. Сивата економија е резервоар кој за најкраток период може да го за 30 до 50 проценти да го зголеми економскиот раст на државата“, смета Борче Треновски, универзитетски професор
Приватниот сектор влијае врз растот на инфлацијата, компаниите немаат значителен профит бидејќи тоа ќе се покажало преку економскиот раст, а профитетот се должи на зголемен промет а не зголемени маржи, сметаат претставниците од Стопанските комори
Истражувањето на двете невладини организации беше спроведено на над 1.500 испитаници во март а потоа и во октомври годинава з акомпарација на резултатите.