Линкови за пристапност

САД-Јужна Кореја: кој ќе плати за системот за против-ракетна одбрана


Сеул го отфрли барањето на Трамп за надоместок за распоредувањето на THAAD

Владата на Јужна Кореја веднаш го отфрли повикот на претседателот на САД Доналд Трамп, Сеул да исплати една милијарда долари за систем за против-ракетна одбрана THAAD.

Министерството за одбрана објави соопштение во кое се вели дека: "Нема промена во позициите на Јужна Кореја и на САД, дека нашата влада обезбедува простор и објекти за поддршка, а САД ги сноси трошоците за распоредување, функционирање и одржување на системот THAAD.“

Договорот за распоредување на американскиот систем, Терминал за одбрана од голема височина одбрана (THAAD) беше постигнат минатата година од страна на администрацијата на тогашниот американски претседател Барак Обама, и тогашната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хје. Парк успеа да го постигне договорот без да побара одобрение Национално собрание, тврдејќи дека нема да има потреба од дополнителни средства во распоредувањето на THAAD.

Во интервјуто за Ројтерс, претседателот Трамп кажа дека тој сака Јужна Кореја да плати за системот.

Поранешен официјален претставник од Стејт департментот проценува дека цената на системот е околу 1.2 милијарди долари, но рече дека САД не би сакале да го продадат THAAD системот на Сеул.

Трамп во интервјуто исто така кажа дека сака да ја реши кризата по мирен пат, веројатно преку воведување на нови економски санкции, но рече дека „постои можност дека може да дојде до голем, голем конфликт со Северна Кореја.“

Во интервју за Fox News американски државен секретар Рекс Тилерсон кажа дека Кина го известила Вашингтон дека го предупредила Пјонгјанг, дека ако изврши друг нуклеарен тест ќе следат нови кинески санкции. Тоа ќе биде промена на политиката на Пекинг, која до сега не сакаше да наметне санкции надвор од оние воведени од Обединетите нации.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи одби да ја потврди или негира изјавата на Тилерсон, велејќи дека прашањето е „хипотетичко,“ , јави Асошиетед прес.

Невозможна опција

Јужна Кореја е во средината на претседателски избори, по импичментот на поранешната претседателка Парк Геун-хје, за наводната нејзина вклученост во милионски корупциски скандал.

Водечкиот претседателски кандидат, Мун Jae-ин, од Демократската партија на Кореја, изјави дека сака се одложи распоредувањето на напредниот американски против-ракетен систем, додека новиот претседател не ја преземе функцијата и не ги оцени предностите и недостатоците.

Ахн Чеол-соо кандидат на Народна партија, кој е второ рангиран во анкетите, го поддржа THAAD, како потребна мерка за одбрана и покрај загриженоста кај некои од неговите либерални поддржувачи дека не вреди ризикот од предизвикување на војна со Северна Кореја и предизвикување на непријателство со Кина. Во анкета на Галуп, Ахн во моментов има поддршка од 24 проценти.

Пекинг обвинува дека радарот на THAAD може да биде искористен за шпионираше на Кина и според наводите возвратила со ограничување на туризмот во Јужна Кореја, увозот на корејска козметика и затворање на некои од јужно корејските бизниси во Кина.

Конзервативците молчат

Конзервативниот кандидат на партијата Слободна Кореја Хонг Јун-пио, кој е силен поддржувач на THAAD и во анкетите има само 12 отсто поддршка не го коментираше наводното барање на Трамп за надоместок од една милијарда долари за THAAD.

Адмиралот Хари Харис, командант на Пацифичката команда на САД за време на конгресното сослушување во Вашингтон кажа дека THAAD системот ќе биде оперативен „во следните неколку дена.“

Во интервјуто за Ројтерс, Трамп, исто така кажа дека договорот за слободна трговија меѓу САД и Јужна Кореја е „ужасен“ и рече дека „ние ќе се обидеме да преговараме повторно за договорот или да го поништиме.“

(Брајан Паден, Јуми Ким)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG