Пентагон ги најави условите според кои ќе продолжи да испраќа осомничени терористи фатени на воен терен во притвораниот центар Гвантанамо беј во Куба.
Официјални лица ги ревидираа прописите и ќе ги испратија до Белата куќа, согласно одлуката на претседателот Трамп за натамошно користење на армискиот затвор во Куба. Во редовното годишно обраќањето до нацијата, претседателот Трамп ја истакна потребата од „можност за приведување терористи“ во борбата против Исламската држава и Ал-Каида. Како дел од неговата заложба, потпиша указ со што го задолжи Одделот за одбрана во рок од 90 дена да ја ревидира политиката како ќе се справува со терористите кои ќе бидат фатени за време на воен конфликт.
Секретарот за одбрана Џим Матис изрази доверба во можноста Притворниот центар Гвантанамо во Куба да лишува од слобода терористи, со што ќе помогне во безбедноста и сигурноста на САД.
Facebook Forum