Линкови за пристапност

Традиционално тркалање велигденски јајца во Белата куќа


Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија беа домаќин на традиционалниот настан во Белата куќа, тркалање велигденски јајца.

Се очекува денес низ портите на Белата куќа да поминат околу 30.000 гости.

Главниот настан беше традиционалното тркалање на јајца низ тревникот, но првата дама најави два нови додатоци во свеченостите: музички јајца и игра школица како дел од нејзината иницијатива „Биди најдобар“.

Претседателот и првата дама раководеа со некои од традиционалните игри.

Првата дама подоцна прочита приказна за група деца и му се придружи на претседателот кој разговараше со гостите.

Од Белата куќа велат дека настанот тркалање велигденски јајца датира од 1878-ма година, иако има извештаи дека претседателот Абрахам Линколн бил домаќин на неформални велигденски собири уште во раните 1860-ти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG