Линкови за пристапност

Осуденик се бори за враќање на правото за гласање на лицата како него


Флорида е дом на 1,5 милиони маргинализирани случаи и стана центар на дебатата по прашањето дали на поранешните осуденици во САД, по отслужување на затворските казни, треба да им се вратат основните граѓански права

Во 2004-та година, Десмонд Мид, за време на отслужување на 15-годишна затворска казна во Флорида, доби своевидна пауза. Апелациониот суд ја вратил пресудата на првобитната фаза од рочиштето, дозволувајќи му да се изјасни за виновен за помало обвинение и за три години да излезе од затвор.

Но, неговата слобода, дошла со цена: како дел од договорот со обвинителите, Мид се согласил да се откаже од своите граѓански права: право на глас, да биде повикан како дел од судска порота во локални парници и да се кандидира за јавна функција.

„Отпрвин, не ги разбрав последиците“, кажа тој.

Четиринаесет години, една универзитска и друга диплома по право, подоцна, Мид и натаму не може да гласа; во 2001-та година, неговата апликација за враќање на граѓанските права, беше отфрлена. Причината: нов закон во Флорида, со кој сторителите на кривични дела, како него, треба да чекаат седум години пред да можат да поднесат вакво барање.

Законодавците се длабоко поделени во дебатата по прашањето, а Мид е категоричен дека гласачите во сојузната држава, работите да ги земат во свои раце кога ќе излезат на конгресните избори на 6-ти ноември.

Тој промовира иницијатива со којашто би се изменил Уставот на Флорида, би се вратиле правата за гласање на сите поранешни затвореници во оваа сојузна држава, освен оние осудени за убиство или сексуална злоупотреба, штом ќе ја отслужат казната.

Мерката наиде на поширока поддршка. Според анкета на Универзитетот Квинипак спроведена во февруари годинава, 67 проценти од жителите на Флорида биле „за“ враќање на овие граѓански права на поранешните затвореници. Друго испитување на јавното мислење, пак, покажа поддршка од 71 процент.

Мид е еден од преку 6-те милиони американски државјани кои ги загубиле овие права, заради осуда за сторено кривично дело. Изминативе неколку децении нивната бројка значително се зголеми, со зголемување на бројот на затвореници ширум земјата.

Тука е и расната основа. 1 на секои 13 Афроамериканци (поранешни осуденици) со право на глас, не можат да гласаат. Ова е за четири пати повисоко ниво споредено со другите раси, велат експертите. Во Флорида, повеќе од 1 на секои 5 Афроамериканци се маргинализирани.

Мид сепак вели дека осуденичкото маргинализирање во неговата сојузна држава, ги преминува расните и политички линии. „Има три пати повеќе луѓе во Флорида кои не можат да гласаат, а не се црнци“, додава Мид.

САД по прашањето се издвојуваат од остатокот од демократскиот свет, велат аналитичарите.

Одредени демократии како Канада, им дозволуваат за затворениците да го остварат своето право на глас, а политичарите дури организираат и свои кампањи во затворите. Други држави, како Британија, на поранешните осуденици, штом ќе завршат со затворската казна, им ги враќаат овие права.

Согласно американскиот Устав, секоја сојузна држава има право да ги постави квалификациите на гласачите и да ги дисквалификува сите кои учествуваат во „бунт, или друг вид на криминал“.

За илустрација, најлиберални се сојузните држави Меин и Вермонт, кои не налагаат ограничувања за осудениците, до најстроги мерки во 4 од 50-те држави, како Флорида, каде овие права се трајно отстранети.

Симпатизерите на праксата велат дека има добри причини да им се забрани на овие луѓе да гласаат, традиција што датира дури од древна Грција, а во САД дошла од Англија.

Краткиот одговор е – Ако не сакате да го почитувате законот, не треба да учествувате во негово креирање за сите други, вели Роџер Клег, директор на конзервативниот Центар за еднакви можности.

Тој додава дека заради високата стапка на повторувања на криминалните дела меѓу овие лица, тие треба да чекаат одреден период и да докажат дека „свртеле нов лист“, пред да им се врати правото да гласаат.

Друг чест аргумент на застапниците на овие права е дека правото на глас е најфундаменталното граѓанско право. И ако осуденикот не го изгуби правото да стапи во брак, да се разведе или да купи имот, тој или таа исто така не треба да го изгубат и правото на глас.

„Ако вака ги третираме овие луѓе, тогаш ги оквалификуваме како граѓани од втора класа“, истакнува Мид.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG