Директори на технолошки компании соопштија во понеделникот дека се разочарани од одлуката на администрацијата на Трамп за привремено забрана на низа работни визи, вклучително и оние што ги користи технолошката индустрија. Некои најавија дека ќе ги отворат или прошират своите активности во странство.
Извршната наредба ги прошири ограничувањата што Белата куќа ги воведе во април.
„Забраната за сите визи H1B значи дека извршните директори како мене треба да отворат канцеларии и да ангажираат повеќе луѓе во држави како Канада кои дозволуваат имиграција“, напиша во порака на Твитер Аншу Шарма, главен извршен директор на фирма за приватност на податоците во Силиконската долина. [[ https://twitter.com/anshublog/status/1275162357593853952 ]]
„Имиграцијата придонесува неизмерно во економскиот успех на Америка, што ја прави глобален лидер во технологијата, како и компанијата Гугл како што е денес“, напиша Сундар Пичаи, главен извршен директор на Гугл, во порака на Твитер. „Разочарани сме од денешното соопштение“. [[ https://twitter.com/sundarpichai/status/1275192075214966784 ]]
Извршната наредба ги прошири ограничувањата што Белата куќа ги воведе во април. Во својата изјава Белата куќа ги наведе тековните економски тешкотии во САД каде стапката на невработеност е повеќе од 13 проценти.
„Напорите на претседателот Трамп ќе обезбедат бизнисите најпрво да бараат американски работници при вработување“, се вели во соопштението на Белата куќа. „Многу работници се оштетени без никаква вина поради коронавирусот и не треба да останат на маргините додека се заменувани со нова странска работна сила“. [[ https://www.whitehouse.gov/briefings-statements/president-donald-j-trump-putting-american-workers-first-restore-economy-greatness/ ]]
За време на периоди на висок раст, технолошката индустрија се потпираше на H-1B, привремена работна виза која носи околу 85.000 квалификувани работници во САД секоја година.
Иако во технолошките компании имаа отпуштања за време на пандемијата, пазарот на трудот е сè уште тесен, рече Расел Ханкок, главен извршен директор и претседател на „Заедничко вложување Силиконска долина“, непрофитна организација која го проучува регионот.
„Технологијата работи доста со целосно вработување“, рече тој. „Пандемијата не ја погоди технологијата како што ги погоди другите сектори“.
Повеќе од 60 проценти од оние кои работат во компјутерските, математичките и инженерските области во Силиконската долина се странци.[[ https://siliconvalleyindicators.org/data/people/talent-flows-diversity/foreign-born/foreign-born-share-of-employed-residents-over-age-16-by-occupational-category-table/ ]]
Прекинувањето на можноста квалификувани работници да доаѓаат во САД ќе му наштети на способноста на индустријата да остане конкурентна, рече Ханкок.
Facebook Forum