Прашањето кој може да обезбеди пристапи до личните податоци на корисниците предизвика скептицизам кај многумина во однос на тоа колку може да им се верува на технолошките компании. На неодамнешно сослушување во Претставничкиот дом лидерот на мнозинството, републиканецот Кевин Мекарти го критикуваше Гугл заради наводите дека користи алгоритми за да ги потисне конзервативните медиуми:
„Дали американските технолошки компании служат како инструменти за постигнување на слобода или инструменти за контрола? Дали го исполнуваат ветувањето во дигиталната ера? Дали ја унапредуваат каузата за само владеење? Или служат како инструменти за манипулација од страна на моќните групи, странските влади со цел да ја одземат моќта од народот, агенциите и достоинство?“ запраша конгресменот Мекарти.
На сослушувањето, извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи кажа дека тој раководи со американскиот технолошки гигант без никакви политички стереотипи.
Во октомври, раководството на Гугл призна дека откриле нарушување на приватноста на податоци со услугата на Гугл плус и дека заради тоа таа услуга ќе биде укината.
Пантас Сутардџа, извршен директор на компанијата за чување на податоци LatticeWork Inc. вели дека ваквите скандали ги принудуваат компаниите да внимаваат како управуваат со податоците од корисниците.
Годинава, извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг исто така се` соочи со прашања од американските законодавци поради тоа што Фејсбук им овозможил на консултантска компанија Кембриџ Аналитика да користи податоците од милиони корисници на оваа социјална мрежа.
Цукерберг им се извини на законодавците, но некои од нив велат дека на Фејсбук не може да му се верува и не може да биде дозволено компанијата сама да се регулира.
Главниот правобранител на градот Вашингтон, Карл Расин вели дека главниот град на САД поднел тужба кон Фејсбук поради извештаите дека Кембриџ Аналитика користела податоците од социјалната мрежа.
Во 2018-та година беа откриени и случаи во кои странски оперативци ги користеле социјалните медиуми да шират поделби и сеат лажни вести во САД и светот.
Поранешниот новинар Волт Мосберг вели дека корисниците се фрустрирани:
„Не е важно во чија корист работеле тие. Она што ги фрустрира граѓаните е дека странска држава успеала да ги искористи нашите социјални мрежи, дигитални производи и услуги во кој ние веруваме и се чувствуваме удобно против нас.“
Освен за користење на податоците на корисниците, технолошките компании беа критикувани за говорот на омраза кој е толериран на нивните страни. Поради тоа социјални медиуми ги зајакнаа ограничувањата.
Facebook Forum