Линкови за пристапност

Републиканците слават голема победа


Усвојувањето на мерката за даночни реформи важи и за прв голем законодавен успех на претседателот Доналд Трамп

Републикаците го слават изгласувањето на мерката за даночни реформи во обата дома на Конгресот.

Актот за даночни кратења и работни места беше усвоен со целосна поддршка на републиканците и комплетна критика од демократите. Во моментов, мерката од на потпис кај претседателот Доналд Трамп, со што ќе стане закон. Трамп легислативата ја нарече „историста“.

Сенатот на САД синоќа гласаше за ревизија на даночниот систем. Ова е и исполнување на едно од ветувањата од предизборната кампања .

Сите 51 републикански сенатори гласаа за „Законот за даночни кратења и работни места“, додека сите 48 демократи беа против.

„Денес стоиме пред одлуката за најголема промена на даночниот систем по повеќе од 30 години“, рече претседавачот на Комисијата за буџет во Сенатот, републиканецот од сојузната држава Вајоминг, Мајк Ензи.

„Републиканската партија денес и официјално го сврте грбот на американската средна класа“, изјави членот на Комисијата за финансии во Сенатот, Рон Вајден, демократ од сојузната држава Орегон. „Оваа гласање нема да биде заборавено“ рече тој.

Со законот трајно се намалуваат корпоративните даноци, привремено се намалуваат даноците на приход , се кратат популарните даночни одбивања, и во текот на една деценија државниот долг на САД ќе се зголеми од најмалку 1 трилион долари.

Претставничкиот дом предводен од републиканците претходно го одобри предлог законот, во гласање по стриктна партиска линија. Законот треба да се врати во Претставничкиот дом подоцна во денот за да се исправат неколку технички елементи, пред да биде испратен за потпишување до претседателот Трамп.

Републиканците тврдат дека со намалувањето на даноците ќе се зајакне американската економијата и американските бизниси ќе станат поконкурентни дома и во странство.

Демократите велат дека со законот иднината на САД дома и во странство се става по хипотека, се` со цел да се наполнат џебовите на богатите.

Непартискиот Центар за даночна политика заклучи дека со законот следната година ќе се намалат даноците за 95 проценти од Американците, но просечните кратења за оние кои заработуваат повеќе ќе ги надминат кратењата за оние кои заработуваат помалку.

Со законот делумно се поништува и Законот за здравствена заштита на поранешниот претседател Барак Обама, со што се елиминира одредбата Американците задолжително да мора да купат здравствено осигурување.

Како резултат на тоа, според Конгресната канцеларија за буџет, во текот на следната деценија околу 13 милиони лица нема да имаат осигурување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG