Линкови за пристапност

Американската морнарица испрати уништувач во Јужното Кинеско Море


Бродот се приближил на 22 километри до вештачки остров изграден од Кина во спорни води.

Во она што изгледа дека е најголемиот предизвик до сега, на територијалните граници што Пекинг ги поставил околу своите вештачки острови, американски уништувач со проектили во вторникот пловеше на 22 километри од морскиот гребен во спорниот архипелаг Спратли.

Како што се дознава, американскиот воен брод „Ју Ес Ес Ласен“, наводно придружуван од американскиот извиднички авион П-8А а можно и авион од типот П-3, се приближиле до морскиот гребен Суби, врз сопственост тврдат покрај Кина, и Тајван, Виетнам и Филипините.

Воениот брод „Ласен“, со база во базата Јокосука во Јапонија, беше следен, и предупреден откако, според министерот за надворешни работи на Пекинг, „нелегално“ влегол во водите на Кина.

„Ова е закана за суверенитетот на Кина“ кажа портпаролот на Министството за надворешни работи на Кина, Лу Канг, во соопштение.

Според мислењето на официјалната новинска агенција Ксингхуа, се вели дека „Пекинг нема неоправдани претензии на суверенитетот во Јужното Кинеско Море. Кинеското право на релевантните острови и морски гребени е документирано и потврдено во историјата. Американските власти кои го оспоруваат ова, треба си го освежат знаењето по историја или или, пак, избираат да ги игнорираат историските факти.“

Според американски извори, мисијата била завршена без инциденти.

XS
SM
MD
LG