Американските компании прават рекорден профит, но повеќето од тие пари се во „офшор“-земји каде данокот е мал, тврди угледен американски весник.
Според анализата на Вол Стрит џурнал на заработувачката на преку 60 компании, само лани, тие вкупно депонирале 166 милијарди долари во „офшор“ земји, со тоа избегнувајќи 40% од годишниот профит да биде оданочен во САД.
Ваквото нешто не ги крши американските закони, затоа што тие дозволуваат да не биде оданочен профит во странство, под услов да не се внесе во САД.
Весникот наведува дека доколку само 19 од 60-те компании го вратат „оф-шор“ профитот, би платиле федерален данок од 98 милијарди долари. Сумата е поголема од 85-те милијарди долари автоматско буџетско кратење што стапи на сила минатиот месец откако Белата куќа и Конгресот не усепаја да се договорат за алтернативен план за намалување на буџетскиот дефицит.