Линкови за пристапност

Трамп денеска треба да го потпише трговскиот договор на САД, Мексико и Канада


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда треба да го потпише новиот трговски договор на САД, Мексико и Канада.

На церемонијата во Белата куќа нема да присуствуваат клучните демократи од Претставничкиот дом кои помогнаа да се добие двопартиско одобрување на мерката во Конгресот.

Спогодбата помеѓу САД, Мексико и Канада го заменува 26-годишниот северно американски договор за слободна трговија, познат како НАФТА. Трамп повеќе пати ја критикуваше НАФТА, вклучително и на митингот во вторникот, велејќи дека е „еден од најлошите трговски договори во историјата“.

Законодавството предвидува построги правила за производство на автомобили, е-трговија и за работната сила, но во голема мерка непроменет останува делот кој се однесува на трговските текови меѓу земјите од Северна Америка, во вредност од 1,2 трилиони американски долари.

Договорот нема да биде целосно имплементиран сè додека не биде ратификуван од Канада. Мексико го ратификуваше договорот минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG