Линкови за пристапност

Укинување на отстапките на санкциите за увоз на иранска нафта?


Се очекува денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео да објави дека администрацијата на Трамп ги прекинува отстапките на санкциите за оние што увезуваат иранска нафта

Претседателот Доналд Трамп ги обнови санкциите кон Иран минатата година, откако САД ја напушти меѓународната спогодба од 2015 година, со која се предвидоа олеснувања на санкциите за Иран во замена за ограничување на неговата нуклеарна активност.

Санкциите требаше да го притиснат Техеран да го промени она што администрацијата го нарекува „малигна активност“ на Иран, вклучувајќи ја и иранската поддршка на сирискиот претседател Башар Ал Асад и бунтовниците Хути во Јемен.

Соединетите американски држави издадоа осум отстапки кога ги вратија санкциите во ноември, привремено ослободувајќи дел од најголемите купувачи на иранската нафта. Тука спаѓаа Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Турција, Италија и Грција.

Откако санкциите беа повторно воведени, Италија, Грција и Тајван го прекинаа увозот на иранска нафта.

Остана нејасно дали од другите земји ќе се бара да стават крај на увозот на иранската нафта по истекот на рокот на отстапките на 2 мај, или ќе им биде дадено повеќе време пред санкциите да стапат на сила.

Кога САД се повлекоа од Иранскиот нуклеарен договор, Иран и другите потписнички – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и Германија – соопштија дека остануваат посветени на спроведување на договорот.

Меѓународната агенција за атомска енергија е задолжена да следи колку Иран се однесува согласно договорот, пред се во врска со ограничувањето на бројот на центрифуги кои работат во нејзините нуклеарни објекти и ограничувањето на залихите на збогатен ураниум. Во повеќето извештаи

Меѓународната агенција за атомска енергија оценува дека Иран го почитува договорот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG