Линкови за пристапност

Во Мисисипи 680 мигранти уапсени во рации во пет компании


Од Агенцијата за имиграција и царинско извршување повикуваат на гонење на компаниите кои што свесно ангажираат имигранти без документи

Вршителот на должност директор на американскиот оддел за внатрешна безбедност ги бранеше минатонеделните рации во погоните за преработка на храна во Мисисипи, во потрага по стотици недокументирани мигранти. Но, призна дека „времето било несреќно“ - само неколку дена откако вооружен напаѓач во масовно пукање убил 22 лица во Ел Пасо, Тексас.

Кевин МекАленан за Ен-Би-Си изјави дека од 680 мигранти уапсени во рациите во пет компании, 200 имале криминални досиеја и ќе бидат предмет на депортација во нивните родни земји.

На телевизиските снимки се прикажани деца како минатата среда плачеле кога сфатиле дека родителите биле приведени во рација и дека нема да дојдат да ги земат од училиште. Но, МекАленан рече дека рациите биле „внимателно изведени“ при што било земено во предвид и прашањето на грижа за децата.

Тој рече дека 32 од уапсените мигранти биле ослободени во рок од еден час од притвор, додека 270 биле ослободени во рок од еден ден, во најголем број случаи тоа било направено за да се обезбеди грижа за децата.

Од Агенцијата за имиграција и царинско извршување, која е дел од домашната безбедност, повикуваат на гонење на компаниите кои што свесно ангажираат имигранти без документи.

Демократската претседателска кандидатка Камала Харис за Ен-Би-Си изјави: „Не знам зошто го направија тоа што го направија. Работодавците треба да бидат одговорни“. Таа ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „кампања на терор“ против имигрантите, „правејќи ги луѓето да се плашат да одат на работа и на училиште“.

МекАлеан изјави дека рациите биле претходно планирани како надополнување на мерките со кои треба да се спречат мигрантите на јужната американска граница со Мексико да влезат во САД да побараат азил.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG