Линкови за пристапност

Компјутерски модел предвидува 82.000 смртни случаи од КОВИД-19 во САД до почетокот на август


Компјутерски модел кој го користи Белата куќа ((https://covid19.healthdata.org/united-states-of-america)) проектира близу 82.000 смртни случаи од КОВИД-19 во САД до 4 август, под претпоставка дека државата спроведува целосно социјално дистанцирање до крајот на мај.

Локалната влада на Вашингтон, Дистриктот Колумбија се потпира на различен компјутерски модел според кој пикот на пандемијата нема да го достигне врвот до крајот на јуни или почетокот на јули.


Проекцијата на 81.766 смртни случаи е малку помалку мрачна цифра од 93.531 колку што порано проценуваше администрацијата на Трамп. Моделот предвидува дека на државата можеби ѝ требаат помалку болнички кревети, вентилатори и друга опрема отколку што претходно се проценуваше, и дека некои држави може да го достигнат врвот на смртност од КОВИД-19 порано од очекуваното.

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги предупреди Американците да се подготват за најлошото.

„Ова ќе биде веројатно најтешката недела, помеѓу оваа недела и следната недела“, рече Трамп во неделата. „И, ќе има многу смртни случаи, за жал, но многу помалку смртни случаи отколку ако ова не беше сторено“.

Сите држави не го користат моделот за проекции на федералната влада. Локалната влада на Вашингтон, Дистриктот Колумбија се потпира на различен компјутерски модел според кој пикот на пандемијата нема да го достигне врвот до крајот на јуни или почетокот на јули.

Во секој случај, здравствените експерти предупредуваат на раниот оптимизам и велат дека е најдобро да се подготвиме за најлоши сценарија.

Бројките се отрезнувачки, но разговорот им помага на луѓето и на здравствените работници сериозно да размислат за ова прашање, рече Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести на Медицинскиот факултет „Вандербилт“. „Тоа ни помага да се подготвиме психолошки за она што ни претстои“, додаде тој.

Раководителката на истражувачкиот тим на универзитетот, Лорен Маерс, истакна дека моделирањето на пандемии не е скоро никогаш прецизно.

„Има многу неизвесности во проекциите што ги правиме заради недостаток на пристап до добри податоци, затоа што ние сè уште не разбираме се за коронавирусот, а особено заради неизвесноста за тоа како ќе се однесуваат луѓето и какви видови на политики ќе бидете донесени за промена на обрасците за контакт во наредните недели и месеци “, рече Маерс.

Таа истакна дека проекциите „не се како временски прогнози“.

Даниел Рунд, аналитичар за меѓународен развој во Центарот за стратешки и меѓународни студии, ги повика државите да бидат транспарентни со своите податоци.

„Лажење за броеви, потиснување на науката и лекарите, цензурирање на медиумите - ова е апсолутно погрешно време да се прави тоа“, рече Рунд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG