Линкови за пристапност

Конгресот се враќа на работа


Треба да донесе одлука за финансирање на Владата, и да одобри средства за помош на погодените од ураганот Харви

Членовите на американскиот Конгрес, по едномесечен летен одмор, денеска се враќаат на работа. Тие се соочуваат со краен рок за донесување на одлуката за финансирање на Владата, како и со нова задача - да одобрат фондови за помош на погодените од ураганот Харви.

Законодавците ќе го разгледаат пакетот помош од 7,9 милијарди долари, за одговор на невремето што го поплави Хјустон.

Конгресот до крајот на месецот треба да го зголеми лимитот на задолжување, односно максималниот износ што Владата може да го позајми, за да може да ги плати сметките.

Фискалната година завршува на крајот на септември, и без буџет за следната година, законодавците или ќе треба да донесат нов буџет или да усвојат привремена мерка, со што ќе се овозможи финансирање на владините операции.

Претседателот Доналд Трамп почна со притисок за реформи на даночниот систем, а темата ќе биде во фокусот на денешните разговори во Белата куќа со конгресните лидери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG