Линкови за пристапност

САД и Кина со различни визии за трговските односи


Vietnam Trump APEC
Vietnam Trump APEC

Трамп понуди билатерални договори, додека Џинпинг мултилатерални

Лидерите на САД и Кина во одделни говори изложија целосно спротивни ставови за насоката на трговијата во Азија.

Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на АПЕК рече дека е подготвен да склучи билатерални трговски договори со која било земја од Индо-пацифичкиот регионот, но цврсто ги отфрли мултинационалните договори, како што е Транс-пацифичкото партнерство со 12 држави, од кое САД се повлекоа во првите денови од неговата администрација.

Американскиот претседател изјави дека во минатото, САД „ги намалиле пазарните бариери, но другите земји не ги отворија пазарите за нас“

Трамп предупреди дека САД „очекуваат нашите партнери да ги следат правилата. Очекуваме дека пазарите ќе бидат подеднакво отворени за двете страни и дека приватните инвестиции, а не владините планери, ќе ги насочуваат инвестициите.“

Ова е полесно да се каже отколку да се направи. Кина веќе покажа дека нема намера да игра според правилата, вели Фрејзер Хови, ко-автор на книгата „Црвениот капитализам: кршливата финансиска основа на брзиот пораст на Кина“.

„Во условите поставено од Светската трговска организација, Кина едноставно е многу поостра и попаметна од Американците“, рече Хови. „Додека Американците влегоа со добра волја мислејќи дека Кинезите ќе се сменат, тие никогаш немаа намера да се сменат.“

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го прифати мултилатералниот концепт, повикувајќи на поддршка за Договорот за слободна трговија во азиско – пацифичкиот регион (ФТААП), со кој ќе се усогласат регионалните и билатералните економски договори.

Кина беше оставена надвор од Транс-пацифичкото партнерство, иницијатива која беше предводена од САД и Јапонија, и имаше за цел да се спротивстави на стратешките амбиции на Кина.

Џинпинг, глобализацијата ја нарече неповратен тренд, но рече дека светот мора да постане балансиран и инклузивен.

Говорите на двата лидери се случија на само неколку часа откако Трамп ја напушти Кина, и замина за Виетнам на самитот на АСЕАН.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG