Ова е најголемиот договор што некој некогаш го видел, рече претседателот на САД Доналд Трамп, кога вчера заедно со кинескиот премиер Лиу Хе, ја потпишаа првата фаза од трговскиот договор, по 18 месеци тензии меѓу двете најголеми светски економии.
Кинескиот премиер најави дека следен чекор е двете страни во целост да го имплементираат постигнатиот договор.
Тој истакна дека и покрај тешкотиите да се усогласат двете страни, преговарачите не се откажале во текот на овој процес.
Согласно договорот, Кина ќе го зголеми купувањето на американски производи, ќе ја прекине практиката да ги принудува странските компании да ја алоцираат технологијата, како и да не ја менува валутата за да го направи извозот поевтин.
Следната фаза преговори ќе продолжат за кусо време, и според претседателот Трамп, нема да има трета фаза.
Facebook Forum