Линкови за пристапност

САД треба да се обединат со Јапонија и Австралија против кинеските коруптивни договори


Нов извештај на институцијата Брукингс препорачува како да им се понуди алтернативна надворешна помош на државите во Југоисточна Азија

Кина излегува од кризата со КОВИД-19 пред повеќето други држави, поради што има време и ресурси да се фокусира на други приоритети, како на односите во Југоисточна Азија, велат аналитичарите.

Во нов извештај на институцијата Брукингс, економистот Дејвид Долар го анализира кинескиот проект за патишта и обиколници, како главна иницијатива која Пекинг ја користи да влијае во повеќе од 100 држави, преку инвестиции во инфраструктурата.

Ваквата иницијатива се прошири во голема мера, што САД возвратија со нивна Индопацифичка програма, критикувајќи ја владината програма на Кина за вовлекување на државите во долг, кој не можат да го вратат.

„Кина продава коруптивни инфраструктурни договори во замена за политичко влијание“, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео минатата година.

Има неколку начини како САД да возвратат на таквите кинески одлуки, вели Долар, поранешен економски претставник на САД во Пекинг.

Прво, вели тој, САД треба да се обединат со други либерални демократии, како Јапонија и Австралија, за да им понудат на државите во Југоисточна Азија надворешна помош, како алтернатива на Кина.

Втора негова препорака е да им се понуди техничка помош на членките на Асоцијацијата на државите на Југоисточна Азија (АСЕАН), кои и понатаму ќе можат да земаат кинески заеми, но, советниците ќе им нудат помош како да ги прават инфраструктурните договори.

Трето, нагласува Долар, САД треба да ги зацврстат односите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, додавајќи дека САД би можеле да работат поблизу со Кина, оосбено откако пандемијата се одрази врз еконимиите на АСЕАН, зголемувајќи ги нивните финансиски потреби.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG