Линкови за пристапност

САД донирале речиси три милиони долари во Северна Македонија од почетокот на пандемијата


САД со помош за зајакнување на капацитетот на лабораториите во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Повеќе институции и организации во Северна Македонија добија американска помош од појавата на ковид -19. Американската влада од почетокот на пандемијата донирала 2.727.000 американски долари. Овие средства се наменети за меѓународни организации како СЗО и УНИЦЕФ во земјата, но, и за Министерствата за здравство, финансии и за внатрешни работи, за Институтот за јавно здравје, Универзитетската клиника за инфективни болести, Јавни обвинителства и Државна изборна комисија.

„Оваа помош беше наменета за зајакнување и на капацитетот на лабораториите, да се подготват за спроведување на систем за тестирање во услови на зголемен број тестирања за ковид-19, како и скриниг на патници кои пристигнуваат на границите и аеродромите. За надзор и за брза реакција за откривање нови случаи и за следење на развојот на епидемијата. УСАИД помогна да се обучат и опремат тимови за брза интервенција за откривање на позитивните случаи, и спроведување анкети за следење на контактите. Развивање соодветни комуникациски канали за да се помогне во информирањето и едукацијата на населението за чекорите што можат да ги преземат, со цел да се спречи ширењето на вирусот. Поддршка за подобрување на клиничката нега и минимизирање на ризикот од натамошно пренесување на други лица. Превенција на инфекциите и контрола за спречување на ширење на инфекции во здравствените установи“, информираа од Амбасадата на САД во Скопје.

Обезбедени се хигиенски и медицински материјали за здравствениот систем, заштитна и медицинска опрема, средства за дезинфекција, лаптопи, лед рефлектори и лампи.

Преку Црвениот крст се дистрибуирани санитарни пакети и храна до најранливото население.

Црвениот крст, пак, во соработка со црквата на Исус Христос и светците од подоцнежните дни (ЛДС) од САД, обезбеди донација од 15.000 долари, во средства за хигиена, заштитни маски, одела, ракавици и визири, за гинеколошките одделенија во седум општини во земјава.

„Антибактериски сапуни и специјални средства каде престојуваат мајките и новороденчињата претставуваат дополнителна подршка за нашиот здравствен сиситем“, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на град Скопје.

Горан Балев, директор на општа болница во Охрид рече дека помошта е наменета за Одделот за гинекологија, кој ова лето за време на пандемијата работела со одлични резултати.

„Во два наврати имавме и по осум, девет раѓања на деца. По сите параметри таа помош и многу ни е потребна“, рече тој.

Вкупната нивна донација од почетокот на пандемијата е околу 70.000 долари. Освен за мигранти, наменета е и за Центрите за стари лица и лицата со попреченост.

„Направија како неделна поддршка со средства за хигиена и дезинфекција, и дополнителните специјални пакети за лица кои имаат хронични заболувања , посебно за лицата кои транзитираат низ државата. Тоа се мигрантите кои доаѓаат од Блискиот исток и Африка. Бројката на лица кои ние ги опслуживме од јануари до август е приближно 30.000 луѓе“, рече Тунева.

Од Црвен крст велат дека соработката со црквата од САД ќе продолжи и во следниот период. Планирани се дополнителни инвестиции во Центарот за геријатрија и домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со нивна поддршка успеале да го отворат и дневниот центар за лица со пречки над 18 години „Пролет“ во Скопје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG