Линкови за пристапност

Протестите во Украина продолжуваат, претседателот болен


Украинскиот парламент усвои закон за амнестија на уапсените протестанти со кој опозицијата не се согласува

Украинските анти-владини протестанти ветуваат дека ќе продолжат со демонстрациите и покрај усвојувањето на закон што нуди амнестија на уапсените за време на протестите во изминатите неколку месеци.

Парламентот ја одобри мерката доцна во среда, нудејќи амнестија на приведените само доколку анти-владините групи ги напуштат јавните згради што ги окупирале.

Законодавците ја усвоија мерката, но опозицијата во парламентот беше против. Опозициониот лидер Арсениј Јаценјук ја опиша како „неприфатлива“ одредбата на условување на протестантите со напуштање на зградите.

Во меѓувреме, веб-страницата на украинскиот претседател вели дека претседателот Виктор Јанукович е болен од респираторна болест придружена со температура. Не е кажано колку долго ќе биде отсутен ниту дали ќе се обиде да работи за време на отсуството.
XS
SM
MD
LG