Линкови за пристапност

За Светскиот ден на телевизијата: Дали е крај на ТВ-ерата?

Во март 1996, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 ноември за Светски ден на телевизијата. Според претставници на ОН посветувањето на денот е одраз на признавањето на улогата на телевизијата во привлекување на вниманието на светот кон конфликти и закани по мирот, како и за нејзиниот потенцијал да го крене профилот на други поголеми проблеми, особено економски, социјални и здравствени.

Телевизијата се појави во 1920-те. Во втората половина на 20-от век телевизиските слики се подобрија и телевизијата стана широко користен телекомуникациски медиум за вести и забава, стигнувајќи до секој агол на светот.

Телевизијата не бара писменост и презентира информации во сите визуелни форми, што не бара специфични вештини за разбирање.

Помошник генералниот директор на УНЕСКО Јанис Карклинс вели дека Светскиот ден на телевизијата го слави влијанието и досегот на телевизијата.

„Овој ден им овозможува на луѓето да размислат за моќта на телевизиската комуникација, нејзината улога во заострување на фокусот на многу од светските предизвици, меѓу кои и слободата на изразувањето“, вели Карклинс.

За последните 50 години, тој вели дека телевизијата помогнала да се рашират нови социјални идеи, особено во земјите во развој.

„На пример во Африка, телевизијата помогнала општествата да транзитираат кон пост-колонијална независност, политички плурализам и економска либерализација. Ако погледнеме повнимателно во историјата, во доцните 1980-ти и раните 1990-те во источна Европа, телевизијата помогнала во транзицијата кон демократија во тој дел на светот“.

Карклинс вели дека телевизијата била мошне успешна во мобилизирање на светот по различни каузи – СИДА и ХИВ, сиромаштија, образование и културен диверзитет.

Карклинс очекува со новите технологии телевизијата да продолжи да се развива и да влијае на нашите животи.

Но „телевизијата во форма каква што сме ја знаеле е речиси исчезната и за 50 години сосема ќе ја снема“. Ова го вели Антони Смит, автор на Телевизија: Меѓународна историја. Тој вели дека луѓето денес не се зависни на ист начин од телевизијата како што биле во 1950-те и 1960-те.

„Се` уште е извор на информации, но многу мал извор. Оние кои се навистина заинтересирани за тоа што се случува во светот одат на интернет или се информираат од преостанатите еден – два добри весници“.

Смит додава дека растечки број луѓе во светот не се само медиумски конзументи. Тие креираат свое видео, аудио и си праќаат текстуални пораки еден на друг. Во таква средина улогата на телевизијата постојано се рефефинира додека откриваме нови начини за креирање и дистрибуирање на информации – нешто за размислување на Светскиот ден на телевизијата.

XS
SM
MD
LG