Линкови за пристапност

Трамп со порака за обединетост и цврстина


Американскиот претседател Доналд Трамп за прв пат се обрати на заедничка седница на Конгресот од подиумот на Претставничкиот дом во Вашингтон

Претседателот на САД Доналд Трамп пред двата дома на Конгресот рече дека неодамнешните закани спрема центри на еврејската заедница и вандализам на еврејските гробишта ги потсетиле САД дека се држава што стои обединета во осуда на омразата во сите нејзини форми.

Во вторникот навечер претседателот им се обрати на законодавците и поканетите гости во Капитолот, со потпретседателот Мајк Пенс и спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан кои седеа зад него. Тој кажа дека она што денеска го гледаме е обнова на американскиот дух, во кој "нашите сојузници ќе најдат дека во Америка повторно има волја за водство".

Претседателот Трамп кажа дека ги послушал "молбите" од американскиот народ и започнал да ги спроведува имиграционите закони -- закони за кои рече дека ќе ги зголемат платите, ќе им помогнат на оние без работа, ќе заштедат милијарди долари, и ќе ја направат државата безбедна за секого.

Трамп повторно вети дека ќе изгради ѕид по должина на американско/мексиканската граница, нарекувајќи го тоа ефикасно средство против дрогата и криминалот.

Тој исто така рече дека ќе преземе силни мерки да ја заштити државата од "тероризам на радикалниот ислам" со засилување на проверките на оние кои сакаат да имигрираат.

Трамп кажа дека го инструирал Пентагон да направи план за поразување на Исламската држава, што ја нарече "мрежа од нецивилизирани примитивци" кои убиваат муслимански и христијански мажи, жени и деца.

Тој рече дека додека САД трошеле трилиони долари во странство, домашната инфраструктура се распаѓала.

Тој додаде дека Америка може да биде повторно моќна само ако ги стави своите граѓани на прво место.

XS
SM
MD
LG