Повторувајќи некои од темите од минатогодишниот говор пред Генералното собрание, претседателот Доналд Трамп го фалеше патриотизмот наспроти глобализацијата, но некои лидери во меѓународната заедница реагираа.
Повикувајќи се на климатските промени, францускиот претседател Емануел Макрон ги повика државите да ги отфрлат трговските договори со секоја земја што не се придржува на Париската спогодба за климатски промени, од која САД се повлекоа:
„Ние нема да потпишеме договор со држава што не го почитува Парискиот договор. Ајде да се договориме да нашите трговски обврски да се интегрирани со животната средина и социјалните рамки,“ рече Макрон.
Пред обраќањето Трамп остро го критикуваше Иран:
„Иран мора да го промени тонот пред да се сретнам со нив. Сакаат средба, но јас нема да го сторам тоа ако не се променат. А тоа ќе се случи, зашто немаат избор. Однапред се радувам на добри релации со Иран.“
Но, иранскиот претседател Хасан Рухани не мисли така:
„Го започнувам дијалогот на ова место и велам, јасно, дека прашањето на меѓународната безбедност не е играчка на американската домашна политика. ОН не се дел од администрацијата на САД.“
Од повлекувањето од мултилатералните пактови до ставање тарифи на странски производи. Некои аналитичари како Чарлс Купчан од Советот за односи со странство сметаат дека тоа е дел од поширока стратегија за промена на статус-квото:
„Тоа е особено штетно во поредокот по Втората светска војна бидејќи САД го изградија тој поредок. И сега, некој од Вашингтон да се обидува тоа да го разгради, е голема промена“ вели Купчан.
Заседанието на ОН продолжува до петок, со Северна Кореја и пролиферацијата на нуклеарно оружје на врвот на агендата во наредниве денови.
Facebook Forum