Линкови за пристапност

Доналд Трамп Јуниор одбил да даде детали за рускиот состанок


На прашањата на законодавците што разговарал со неговиот татко, во тоа време претседателски кандидат, тој не одговорил

Доналд Трамп Јуниор одбил да одговори на прашањата на законодавците, за разговорите што ги имал со неговиот татко, во времето кога тој бил претседателски кандидат, а во врска со неговиот контроверзен состанок со руски оперативци, во јуни 2016-та година.

Некои членови на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, изјавија дека Трамп Јуниор тврдел оти не се сеќавал на работи, за кои законодавците сакале да добијат одговор, вклучувајќи детали за состаноци со Руси.

Руската адвокатка, која се сретна со Трамп Јуниор, е дел од истрагата на Комисијата, за можна поврзаност на кампањата на Трамп и Русија.

Се верува дека специјалниот советник Роберт Мулер има голем интерес во истрагата на Капитол хил, и за рускиот состанок.

Мулер истражува дали имало каква било координација меѓу кампањата на Трамп и Кремљ, за време на претседателските избори во 2016-та година, и дали Трамп лично ја попречил правдата, кога го отпушти поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, кој, исто така, вршеше истрага за евентуална поврзаност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG