Линкови за пристапност

Што се очекува од средбата Трамп-Меркел во Белата куќа?


Што се очекува од средбата Трамп- Меркел во Белата куќа?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Разговорите се случуваат во време кога иднината на трансатлантските односи е во критична фаза, а според експертите, обата лидери ќе треба да надминат некои несогласувања, пред да продолжат со партнерството.

За време на кампањата на изборите во САД, Трамп ја обвини канцеларката Меркал за „уништување на Германија“ поради нејзината толерантна политика кон бегалците:

„Порано бев поддржувач на Меркел. Мислев дека е исклучително голем лидер. Сега мислам дека тоа што го стори со Германија е понижувачко“, рече американскиот претседател.

Канцеларката беше подеднакво зајадлива, осврнувајќи се на забраната за патување на граѓани од шест, главно муслимански земји. Принудена на соработка во справувањето со најкритичните светски проблеми, Меркел звучеше попомирливо:

„Длабоко верувам дека трансатлантското партнерство, засновано на заеднички вредности е во интерес на сите, не само за Европејците. Разговорите со претседателот Трамп ќе ги водам во тој дух“, рече таа.

На средбата во Белата куќа, Трамп и Меркел ќе треба да ги надминат разликите по некои од најгорливите светски прашања, како што е одржливоста на НАТО.

„Јас сум поддржувач на НАТО, но поголем број земји во Алијансата коишто ги штитиме, се многу богати држави, а не си ги плаќаат сметките“, истакна Трамп.

Меркел со лидерот на САД има намера да ја расчисти конфузијата по ова прашање - каква е позицијата на САД за улогата на НАТО во справувањето со руската агресија во Украина, оцени за Гласот на Америка експертот за трансатлантски односи, Даниел Хамилтон, кој зборуваше преку Скајп.

„НАТО веќе распореди војници во источниот дел на Алијансата, затоа што многу сојузници се нервозни за намерите на Владимир Путин. Тој нелегално присвои дел од Украина. Прашањето е: Каков е пристапот на САД кон Русија и како тоа се одразува врз НАТО?“, истакна Хамилтон.

Друго горливо прашање е трговијата. Се очекува на денешната средба да има обид за наоѓање заеднички јазик и по оваа точка. Трамп претпочита билатерални трговски договори, но Европејците инсистираат дека ЕУ во трговските преговори со САД ги претставува сите 28 земји-членки.

XS
SM
MD
LG