Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера пред новинарите изјави дека не размислува да го отпушти Роберт Мулер, иако неговите адвокати го обвинија специјалниот советник дека нелегално собрал илјадници електронски пораки од транзициониот тим на Трамп.
„Не, нема“, одговори Трамп, кога беше запрашан дали планира да преземе таков чекор. „Не можам ни да замислам дека има нешто во електронските пораки. Како што реков, немало никаква соработка со Русија“, додаде Трамп.
Пораките доаѓаат од компјутерите на 13 виши негови соработници и потекнуваат од периодот по изборот на Трамп за претседател на САД, од почетокот на ноември 2016-та до 20-ти јануари 2017-та година, кога тој ја презеде функцијата.
Во содржината на пораките се дискутирало за националната безбедност и за меѓународните цели на Трамп, заедно со имињата за можни функционери во новата администрација.
Портпарол на Мулер ја бранеше законитоста на собирањето на пораките.
Facebook Forum