Линкови за пристапност

Владата на САД се залага за укинување на визите базирани на семејни врски


Поддржувачите на овој систем го повикуваат Конгресот да ги отфрлат обвинувањата на имигрантските семејства од страна на актуелната администрација

Најновиот инцидент во кој лице по потекло од Бангладеш детонираше импровизирана експлозивна направа во Њујорк, придонесе за интензивирање на повиците за реформи во имиграциониот систем во САД. Ваквите барања главно се предводени од претседателот Доналд Трамп.

„Системот на лотарија и таканаречената ланчана миграција – брзо ќе се прекине. Конгресот мора веднаш да се вклучи и тоа и го прави. Можам да ви кажам дека имаме огромна поддршка по прашањето“, изјави Трамп.

„Ланчаната“ миграција се однесува на лицата кои спонзорираат членови на нивните семејства да дојдат во САД.

Одделот за домашна безбедност, соопшти дека обвинетиот бомбаш Акајед Улах, дошол во САД во 2011-та година, со Ф-43 виза - што се поврзува со семејна имигрантска виза, која вообичаено се издава на деца на браќа и сестри на американски државјани.

Американскиот главен правобранител Џеф Сешнс, исто така повикува на реформи во имиграциониот систем, подвлекувајќи дека изминативе неколку месеци имало два терористички напада изведени од лица кои биле во САД, како резултат на погрешна имиграциона политика.

„Поединец добил на лотарија за зелена карта во Бангладеш. Дошол овде и преку ланчаниот процес за миграција ја донел својата сестра, а таа пак нејзиниот син“, истакна Сешнс.

Поддржувачите на актуелната имиграциона политика не се согласуваат со ваквите ставови.

Коалицијата од пет организации за граѓански права на Американци од азиско потекло, издадоа соопштение во кое велат дека е „срамно да се користат моментите на трагедија, со цел да ги обвинат сите имигранти и да се протурка неповрзана политика, што драстично би им наштетила на имигрантските заедници, а нема да стори ништо за подобрување на националната безбедност“.

Од оваа коалиција додаваат дека мнозинството имигранти од Азија дошле во САД преку имиграционен систем на семејна основа.

Сешнс, кој на неодамнената прес-конференцијата беше придружуван од новата секретарка на Одделот за домашна безбедност Кирстјен Нилсен, го повика Конгресот да ги зајакне имиграционите закони и дека актуелната администрација презема чекори за поригорозна политика.

„Треба да им дадеме предност на оние коишто имаат потенцијал да успеат овде, како оние лица кои веќе го говорат англискиот јазик и оние кои поседуваат знаење и вештини за одредена професија, а не по принципот на случајност или кој е можеби роднина на некој кој веќе живее во САД“, додаде Сешнс.

Според Стејт департментот, во 2017-та година околу 212.155 имигранти, добиле виза врз основа на семејни врски.((https://travel.state.gov/content/dam/visas/Statistics/AnnualReports/FY2017AnnualReport/FY17AnnualReport-TableI.pdf ))

Според невладиниот Институт за миграциона политика, во 2015-та година, преку еден милион лица со зелена карта биле примени во САД. Од таа бројка, 44 проценти биле роднини од прво колено на лица кои биле американски државјани, а 20 проценти дошле во земјата преку опцијата на спонзорство базирано на семејни врски.

Предлогот на Трамп - имиграција базирана на заслуги, ќе нуди поени базирани на високо-платени понуди за работни места, претходни достигнувања, ниво на познавање на англискиот јазик и образование. Како резултат, при разгледување на апликациите за зелена карта, сето ова се зема предвид.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG