Линкови за пристапност

„Смртта на Сталин“ во САД за шест недели


Каков проблем има Кремљ со Смртта на Сталин?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Режисерот се надева дека филмот би можел да се прикаже и во Русија, по претстојните претседателски избори во државата

Британската комедија „Смртта на Сталин“ ќе се прикаже во САД за шест недели. Во Русија, Министерството за култура спречи да се прикаже воопшто.

„Филмот е очигледна навреда на нашите национални чувства. Од професионална гледна точка, секој рече дека е многу лош, и апсолутно погрешен“, вели Јури Полјаков од Министерство за култура на Русија.

На филмскиот фестивал „Санденс“, британскиот режисер Армандо Јанучи, за Гласот на Америка, изјави дека неговиот тим многу се подготвувал за снимањето на овој филм, при што користел архиви и разговарал со повеќе историчари.

„Имаме почит кон она што се случило во Советскиот сојуз во 1950-те, и тоа не го криеме во филмот. Русите што го гледаа филмот ми рекоа дека е точен и многу забавен“, вели Јанучи.

Според еден од главните руски критичари, заменик-врховниот командант на Сталин во филмот бил прикажан како кловн.

Актерот Џејсон Ајзакс, пак, кој ја игра оваа улога, ја разбира важноста на хуморот во време на режимот на Сталин.

„Еден од начините луѓето да останеле со здрав разум во тоа време бил да се смејат, бидејќи живееле во апсолутен терор“, рече Ајзакс.

Андреа Рајзборо ја игра улогата на Светлана Алилуева - ќерка на Сталин, која многумина Американци ја знаат како „Лана Питерс“.

„Неверојатно е колку таа била цврста и издржлива. Не можам да замислам каков емоционален товар имала како ќерка на Сталин“, вели Рајзборо.

Композиторот Крис Вилис вели дека бил инспириран од хистеричниот квалитет на музиката во тоа време.

„Музиката е многу традиционална, со елементи на екстремизам, на начин што ќе предизвика и смеа“, објаснува Вилис.

Јанучи бил инспириран да го направи овој филм од моменталната состојба на лидерите низ целиот свет, кои имаат комплетна контрола и власт.

Одлуката на Министерството за култура да го забрани филмот покрена огромна дебата во Русија. Еве што вели филмскиот критичар Антон Долин.

„Оние што иницираа и поддржаа забрана на филмот на државно ниво недвосмислено признаа: Да ние сме Сталинисти“, смета Долин.

Јанучи се надева дека „Смртта на Сталин“ сепак би можел да се прикаже во Русија, по претстојните претседателски избори во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG