Линкови за пристапност

Тетоважите - од историска и уметничка перспектива


Чуи Куинтанар од Лос Анџелес, креира уметност со тетоважи преку 20 години. Пријател му дал машина за тетовирање кога имал само 14 години и оттогаш, ова станало негова професија.

„Кога почнав да се занимавам со ова, на тетоважите и натаму се гледаше како на нешто лошо, но јас секогаш ги сметав како уметничка форма“, вели тој.

Кога музеј од него побарал да учествува во изложба, наречена „Тетоважа“, сфатил дека од старите стереотипи, произлегува нешто позитивно.

„Да се биде дел од еден престижен музеј, е како сон“, изјави Куинтанар.

„Ова е една од првите изложби на тетоважи од луѓе од оваа култура“, вели Стефани Мартин, директорка на музејот Musée du Quai Branly.

Се случува тетоважите да се поврзуваат со криминални елементи и како начин за само-идентификација на членовите на бандите.

Но, во денешно време, тие станаа честа појава, а меѓу њубителите се и и славните од забавната индустрија.

Изложбата „Тетоважа“ во Природно-научниот музеј во Лос Анџелес, ја доловува долгата и сликовита историја на тетоважите. Посетителите можат да видат прикази од пред илјадници години и тоа низ различни континенти и култури.

„Има бројни причини зошто луѓето се тетовирале во минатото и денес. Можно е да се поврзува со некој важен настан, важен момент од приватниот живот или едноставно, да се исцрта фигура или лик што потсетува на нешто убаво“, смета Гречен Бејкер, заменик-директор за изложби во музејот.

Изложбата, освен фотографии, нуди и видеа за примери од многуте причини зошто луѓето би минале низ процесот.

„Во многу култури, тетоважите имаат силна духовна и верска позадина, поседуваат своевидна моќ“, додава Бејкер.

Тетоважата може да биде и знак на бунтовништво, срам или чест.

Тие постоеле насекаде, на секој континент, и тоа од две причини:

„Едната, за декорација, правејќи ги луѓето различни и обезбедувајќи, на пример, врска со некое племе или кралство. Истовремено – и за казна, луѓето биле тетовирани и заради омаловажување или изолација, а вакви примери има во грчката, романската, јапонската цивилизација“, вели Мартин од музејот Musée du Quai Branly.

Таа додава дека традиционалната тетоважа честопати не била по личен, туку по избор на семејството на одредена личност. Сега, секако, лицето може да избере што, каде и кога да стави тетоважа на своето тело.

Чуи Куинтанар од Лос Анџелес отсекогаш ги гледал тетоважите како уметност и сега неговиот став е нашироко прифатен. „Сакав на светот да му ја покажам уметноста, и нема подобро место да се стори тоа, отколку во музеј“, смета тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG