Линкови за пристапност

САД: Нема знаци дека Сирија подготвува нов напад


Пентагон сепак подвлече дека Вашингтон и неговите сојузници „остануваат претпазливи“

Претставници на Пентагон велат дека нема индикација дека сириската армија подготвува нов напад со хемиско оружје, откако во саботата САД, Франција и Британија возвратија со ракетен напад врз објекти за хемиско оружје во Сирија. Сепак, Вашингтон и неговите сојузници „остануваат претпазливи“.

Портпаролката на Одделот за одбрна Дана Вајт, денеска изјави дека сирискиот претседател Башар Ал Асад, „мора да знае дека светот нема да ја толерира употребата на хемиско оружје, под никакви услови“.

Неодамнешната заедничка воена операција беше како одговор на наводниот хемиски напад во Дума, Сирија порано месецов при што загинаа 10-тина лица и многу други беа повредени. САД и нивните сојузници за нападот ја обвинуваат Сирија, но Дамаск и Москва порекнуваат дека било употребено такво оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG