Врховниот суд соопшти дека ќе го разгледа случајот на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за ограничување на патувањето, а во меѓувреме голем дел од мерката може да стапи на сила.
Со ревидираната наредба на Трамп беше прекинат влезот во САД за лица од шест, главно муслимански земји за 90 дена, а за програмата за бегалци беше одреден рок од 120 дена. Во наредбата стои дека овие чекори се неопходни за да се ревидираат безбедносните проверки, со цел заштита на САД од надворешни закани.
Наредбата за ограничено патување беше прекината од страна на два одделни федерални суда на Хаваи и во Мериленд. Двете пресуди беа поддржани од одделни Апелациони судови.
Трамп изјави дека наредбата за патување ќе стапи на сила 72 часа по одлуката на Врховниот суд, што ја нарече „јасна победа“.
Facebook Forum