Врховниот суд на САД со разлика во гласовите од 5-4 ја потврди клучната одредба на законот за реформа на здравствената заштита, со тоа давајќи му голема победа на претседателот Барак Обама, кој беше иницијатор на контроверзната легислатива.
Одребата налага секој Американец до 2014-та да купи здравствено осигурување, бидејќи во спротивно ќе треба да плати казна. Главниот судија Џон Робертс се приклони кон полибералните членови на Судот, наведувајќи во своето толкување дека “со оглед на тоа што Уставот дозволува такво оданочување, не е наша улога (на Судот, н.з.) истата да ја забраниме, или пак да решаваме за нејзината мудрост или праведност“.
Законот беше усвоен во 2010-та, но 26 сојузни држави потоа вложија жалба, тврдејќи дека е противуставен затоа што владата не може да му наложи на граѓанинот што да купи и да му кажува што му е потребно. Владата, пак, тврдеше дека одредбата е во ред бидејќи на сите Американци, во одреден момент во животот, ќе им треба здравствена заштита.
Реформата на здравствената заштита е главното постигнување на домашен план во досегашното претседателствување на Обама, кој тврди дека законот е решение за се` поголемите трошоци за здравствена заштита и проблемите со добивање на осигурување што предизвикаа финансиски главоболки за голем број Американци. Додека Обама тврди дека со него ќе добијат заштита 30 милиони неосигурани Американци, на нож го дочекаа републиканците во Конгресот, кои сметаат дека законот е големо политичко пречекорување и огромен товар за биснизите.
Реагирајќи на одлуката на судот, Обама коментираше дека се работи за победа „за луѓето ширум земјата чии животи ќе бидат побезбедни поради законот и одлуката на Врховниот суд да го поддржи истиот“. Обама рече и дека судската одлука реафирмира дека во САД, најбогатата нација во светот, ниту една болест или несреќен случај не смее да доведат до финансиска пропаст на едно семејство.
Републиканецот Мит Ромни, претпоставениот кандидат на Обама на претседателските избори, најави дека ќе го отповика законот доколку победи на гласањето во ноември. Тој рече дека „Обамакеар вчера беше лоша политика, дека е лоша политика и денес“ и предупреди дека поради тоа 20 илјади Американци ќе го загубат своето здравствено осигурување, како и дека ќе се затворат голем број нужно потребни работни места.
Републиканците во Конгресот веднаш реагираа на судската одлука со најава дека ќе започнат нова иницијатива за отфрлање на законот во целина.
"Има голема решеност меѓу моите колеги, и Американците воопшто, да се запре овој закон што и` штети на нашата економија, ја накачува цената на здравствената заштита и го отежнува отворањето на нови работни места во оваа област“, рече претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер.
Водачот на републиканското малцинство во Сенатот Мич Меконел исто така го нападна законот, велејќи дека „ги влоши проблемите што требаше да ги реши - лекот испадна полош од болеста“.
Се огласи и бизнис-заедницата.
Претседателот на Трговската комора на САД Тоамс Донахју кажа дека организацијата, без оглед на одлуката на Судот, верува дека законот има пропусти. Доколку остане непроменет, смета Донахју, „ќе ги чини многумина Американци здравствената заштита што ја пружаат вработувачите, ќе го поткопа создавањето на работни места и ќе ги зголеми здрвствените трошоци“.
Така не мислат поддржувачите на преседателот. Тие аплаудираа на судската одлука и се надеваат дека ќе доведе до демократска победа на претстојните избори.
Ненси Пелоси, главниот демократ во Претставничкиот дом, рече дека одлуката е победа за Американците во целина затоа што „обезбедува здравствената заштита да биде право за сите, а не само привилегија за неколкумина“.

„(Законот) ги влоши проблемите што требаше да ги реши - лекот испадна полош од болеста“.Мич Меконел, водач на републиканското малцинство во Сенатот
Републиканците во Конгресот веднаш реагираа на судската одлука со најава дека ќе започнат нова иницијатива за отфрлање на законот во целина.
"Има голема решеност меѓу моите колеги, и Американците воопшто, да се запре овој закон што и` штети на нашата економија, ја накачува цената на здравствената заштита и го отежнува отворањето на нови работни места во оваа област“, рече претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер.
Водачот на републиканското малцинство во Сенатот Мич Меконел исто така го нападна законот, велејќи дека „ги влоши проблемите што требаше да ги реши - лекот испадна полош од болеста“.
Се огласи и бизнис-заедницата.
Претседателот на Трговската комора на САД Тоамс Донахју кажа дека организацијата, без оглед на одлуката на Судот, верува дека законот има пропусти. Доколку остане непроменет, смета Донахју, „ќе ги чини многумина Американци здравствената заштита што ја пружаат вработувачите, ќе го поткопа создавањето на работни места и ќе ги зголеми здрвствените трошоци“.
„(Законот) обезбедува здравствената заштита да биде право за сите, а не само привилегија за неколкумина“.Ненси Пелоси, главен демократ во Претставничкиот дом