Научници го подобриле растот на растенијата, правејќи ги поотпорни на промените на светлина и на сенка.
Тие се надеваат дека овој експеримент ќе послужи во иднина, со цел да е обезбеди повеќе храна во светот.
Растенијата ја претвараат сончевата светлина, јаглеродниот диоксид и водата во храна, преку процес наречен фотосинтеза.
„Има движечка сила зад секој живот“, изјави биологот Стив Лонг од Универзитетот на Илиноис, додавајќи дека „очигледно фотосинтезата е најважниот процес на планетата Земја“.
Но, за процес кој е толку важен, е изненадувачки неефикасен.
Со побарувачката на храна, која се очекува да се зголеми за 70 проценти, научниците бараат начин да го подобрат процесот на фотосинтеза, со цел да се добие поголема продуктивност од секое растение.
Групата истражувачи работеле на систем кој ги заштитува растенијата од екстремно силна сончева светлина. Кога облаците прават сенка, пак, системот го забавува растот на растенијата, за минути или часови.
Тие додале гени, кои го скратуваат времето на обновување, така што резултатите покажале дека модифицираните растенија пораснале за 20 проценти повеќе од оние кои не биле третирани.
Истражувачите планираат овој метод во иднина да го употребат и кај оризот, сојата и кај компирот.