Линкови за пристапност

Струга повика на бојкот на Струшките вечери, оти е исклучен албанскиот јазик


Струга повика на бојкот на Струшките вечери, оти е исклучен албанскиот јазик
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Струга повика на бојкот на Струшките вечери, оти е исклучен албанскиот јазик

На овој начин се предизвикува меѓуетничка поделба, смета локалната власт

Фестивалот Струшките вечери на поезијата годинава се отвори среде контроверза за употреба на албанскиот јазик.

Општина Струга ги повика поетите, особено албанските, да се придружат на бојкот на фестивалот, бидејќи не е застапен албанскиот јазик.

„Во официјалната покана пишува дека треба да се бришат јазичните граници, а на овој начин се креваат ѕидови на сегрегација и на меѓуетничка поделба. Втор службен јазик на фестивалот е англискиот, а не албанскиот, како во Македонија да живеат Англичани, а не 30 отсто Албанци“, вели Беким Ќоку, претставник на Општина Струга.

Славе Ѓорго Димовски, претседател на Управниот одбор на фестивалот, вели дека ништо не може да го наруши имиџот на фестивалот.

„Ова е повеќе политиканство, отколку политизација. Станува збор за национална установа и фестивал, кој изградил имиџ на светско ниво, и не е потребно внесување сегменти кои се карактеристчни за нашата држава или за локалната самоуправа. Нема ниту еден позначаен интелектуалец во светот кој не слушнал за овој фестивал“, рече Димовски.

Првиот директор на Струшките вечери на поезијата Јован Стрезоски вели дека фестивалот не треба да се политизира.

„Проблемот може да се реши со договор меѓу локалната власт и раководството на фестивалот. Да најдат решение, кое е најповолно, бидејќи политизацијата никому не користи, туку само им штети на градот и на имоџот на фестивалот“, вели Стрезоски.

И покрај проблемите, фестивалот и натаму е симбол за соживот и пријателство.

„Струшките вечери на поезијата одиграа многу важна улога во меѓусебно запознавање и зближување на литературите на светот и на народите, а тоа е многу важна компонента во денешниот поделен и неспокоен свет“, вели поетот Веле Смилевски.

Оваа година на фестивалот учестуваат триесет и двајца пети, од триесет држави, а добитник на „Златниот венец“ е канадската поетеса Маргарет Етвуд.

XS
SM
MD
LG